Водечкиот тим во Бундеслигата Борусија Дортмунд е тимот кој ужива најголема просечна посетеност на домашните натпревари од почетокот на сезоната, покажаа истражувањата на „Transfermarkt“. „Жолто-црните” се видени во живо од 79 608 луѓе во просек при секој свој натпревар на „Сигнал Идуна Парк”. На второ место на листата се наоѓа шампионот на Германија Баерн Минхен, на чиј натпревари на „Алијанц Арена” се собираат по 75 000 гледачи. Челната тројка во оваа класификација на посетеност е надополнета од англискиот Манчестер Јунајтед, кој игра пред 74 462 гледачи во просек на „Олд Трафорд”. Меѓу шпанските тимови најмногу гледачи собира Барселона – по…
Author: dino
Англискиот клуб Арсенал го потпиша третиот најголем договор за спортска опрема во историјата на фудбалот, откако парафира официјално 5-годишен договор со германскиот концерн „Адидас”. Договорот влегува во сила на 1 јули 2019 година и ќе му носи по 60 милиони фунти годишно на клубот до 2024 година, информираат медиумите во Англија. Адидас ќе ја замени „Пума“ како клуб-производител, со што компанијата сега дава повеќе пари годишно само за Манчестер Јунајтед – 75 милиони фунти по сезона. Рекордер во овој поглед е шпанскиот шампион во Барселона, кој добива 140 милиони фунти годишно од „Најк“. Арсенал имаше договор со „Пума“ во последните…
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за последните два меча во првата фаза во Лигата на нации. На 13 октомври ќе бидеме домаќини на Лихтенштајн а три дена подоцна ќе гостуваме кај Ерменија. Селекторот, Игор Ангеловски, мислите ги засочува само кон првиот противник. „Мора да влеземе максимално сериозно на натпреварот против Лихтенштајн. Имаат седум до осум нови млади фудбалери. Не очекува решавачкиот дел од Лигата на нации и треба да го зачуваме победничкиот ритам“ – потенцираше Ангеловски со потврда, дека Иван Тричковски се соочува со повреда и дека ќе оди на дополнителни лекарски испитувања. Ќе потсетиме дека мечот со…
Двајца мажи починаа откако колабираа во финишот на атлетскиот полу-маратон во Кардиф. Се верува дека тркачите – 25 и 32, години претрпеле срцев удар откако учествувале во годишниот натпревар кој собрал повеќе од 25.000 луѓе. Локалните медиуми објавија дека 32-годишниот атлетичар паднал во бесознание пред неговата сопруга и едногодишното дете додека 25 годишниот тркач учествувал во полумаратонот заедно со неговата девојка. Дел од гледачите се обиделе да им помогнат на двајцата, но, безуспешно. „Ова е ужасна трагедија, најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели” – изјави за „Би-Би-Си“ извршниот директор на трката, Мет Њуман.
Менаџерот, Али Абделазис, по победата на неговиот клиент Хабиб Нурмагомедов на мечот со Конор Мекгрегор во УФЦ конкуренцијата, вели дека е пресреќен. „Никогаш немало двајца кралеви туку само еден. Сакам да му честитам на мојот брат Хабиб. Тој е неприкосновен крал“ – рече Абделазис по борбата во Лас Вегас која помина со големи инциденти како околу рингот така и низ улиците на градот. Во дел од нив беше вмешан токму Нурмагомедов. „Навивачите добија прекрасно шоу. Мечот беше одличен. Сакам да и се извинам на соодветната комисија на државата Невада и на гувернерот. Сега на сите им е јасно кој е…
Кими Раиконен изјави дека во еден идеален свет би требало да му остави повеќе простор на Макс Верстапен за да се избегне инцидентот кој се случи меѓу нив на вчерашната трка во Ф1 реализирана за ГН на Јапонија. Финецот се бореше со пилотот на Ред Бул за третата позиција кога на Макс помина преку тревата и при враќањето на патеката се закачи за Ферари-то.Кими тогаш ја изгуби позицијата и заврши петти со оштетување на шасијата додека Верстапен доби казна од 5 секунди поради опасно враќање на патеката и загрозување на безбедноста на возачите . „Се обидов да поминам од надворешната…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека е задоволен по вчерашните 0:0 на теренот на Ливерпул во големото дерби на Премиер лигата. „Успеавме да го запреме напаѓачкото трио на домаќинот. Добро е што не примивме гол, тоа ме радува. Резултатот е добар иако имавме шанси и да победиме. Секогаш е тешко да се игра на „Енфилд“ – вели Гвардиола кој осврна и на промашениот пенал на неговиот напаѓач, Ријад Марез. „Марез имаше храброст да ја преземе одговорноста. Тој на тренинг секогаш успешно ги изведува пеналите. Серхио Агуеро е задолжен да шутира, но, тој не беше на теренот.…
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, потенцира дека неговите избраници одиграле одлично на гостувањето кај Саутемптон во рамките на 8 коло во Премиер лигата и дека сосема заслужено ги освоиле бодовите. „Сините“ откако победија со 3:0, се изедначија со Ливерпул и Манчестер Сити на врвот на табелата. Сите три екипи имаат по 20-ет бодови. „Очекував да одиграме на победа. Ја имавме контролата на играта и создадовме повеќе шанси. Јас така го замислувам фудбалот“ – вели италиајнскиот стратег. „Можеме да ја подобриме нашата игра во одбраната, исто така имаме и други опции во нападот. Мило ми е за Алваро Мората.…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, не ја искористи шансата да биде херој на вчерашното дерби на теренот на Ливерпул бидејќи промаши пенал во завршните минути од мечот. „Мојот ефект за пенали е добар во Лигата на шампионите, но, не и во Премиер лигата. Мора да гледаме напред и да останеме силни. Во фудбалот се случуваат вакви работи“ – вели напаѓачот. „Тоа нема воопшто да влијае врз мене, сите играчи промашуваат пенали, дури и најголемите. Секако дека сакав да погодам и да му помогнам на тимот на тешко гостување. Мојата идеја беше да шутнам во средината на голот, но, топката…
Француската фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе, стана најмладиот играч во историјата кој постигнал четири голови на еден меч. Тоа се случи на вчерашното дерби во Лига 1 кога неговиот ПСЖ го совлада Лион со убедливи 5 спрема 0. Голгетерот иако имаше блескава партија, вели дека не е задоволен бидејќи можел да постигне повеќе голови во мрежата на „лавовите“. „Постигнав четири погодоци, но, претходно промашив неколку фантастични прилики. Можев да постигнам неколку погодоци повеќе“, изјави Французинот кој со само 19 години досега одигра 135 натпревари на кои постигнал 67 голови и запишал 37 асистенции.
