Ракометарите на ППД Загреб му го нанесоа првиот сезонски пораз во СЕХА конкуренцијата на нашиот шампион Вардар откако славеа на домашен терен со 26 спрема 23. Првото полувреме заврши 14:14 а во вториот дел домаќинот во континуитет имаше предност од два до три гола и на крајот сосема заслужено ги освои бодовите. Во редовите на Вардар најпрецизен беше бекот Криштопанс со четири голови додека во хрватскиот тим се истакна Хорват со шест. Сега во пресрет на наредното коло двата тима се на делба на првото место на табелата со идентичен фект од пет победи и еден пораз.
Author: dino
Македонската фудбалска репрезентација го доживеа првиот пораз во Лигата на нации. Денеска загубивме од селекцијата на Ерменија со убедливи 4 спрема 0. Голманот, Димитриевски, беше вистински трагичар во дури три наврати кога со лошите интервенции дозволи топката да ја помине гол-линијата. Првиот миг се случи во12 минута по шутот на Пицели. Вториот го видовме во 67 минута кога нашиот голман лошо ја уфрли топката во игра а домаќинот тоа експресно го казни преку Мовсасјан. Третиот дојде во 81 минута по слободниот удар од преку 25 метри што го изведе Газарјан.Точка на мечот стави Мхтарија во судиското надополнување кога изведе одличен…
Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот сезонски пораз во групната фаза во Лигата на шампионите.Тие денеска загубија на гостувањето кај Киелце со 31 спрема 27 (16:15). Полскиот тим во текот на целиот меч ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот сосема заслужено прокнижи нови бодови. Вардарци имаа само повремени блескави моменти што не беше доволно да се избегне првиот пораз. Во редовите на „црвено-црните“ најпрецизни беа Скубе и Дибиров со по шест голови додека кај домаќинот се издвои Циндриќ со осум погодоци. Вардар во наредното 6 коло на 3 ноември ќе му биде домаќин на Мешков Брест.Во…
Тренерот на ракометарите на Металург, Данило Брестовац, нема да го води тимот на утрешниот дуел со Чеховски медведи во Лигата на шампионите откако ЕХФ му изрече суспензија од еден меч. Стратегот на Металурзите на средбата со Силкеборг заработи црвен картон поради неспортско однесување што автоматски му донесе и казна од ЕХФ. Нашиот тим има право да вложи жалба во рок од седум денови, но, тоа нема големо значење. Во отсуство на Брестовац, главниот збор на клупата на Металург на утрешниот дуел во Русија ќе го имаат неговите помошници: Оливер Димитриоски и Петар Мисовски. Ќе потсетиме дека тимот од Автокоманда е…
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, очекува победа на дуелот со Лихтенштајн со кој ќе се прослави јубилејот – 25 години од првиот официјален меч на нашата селекција. „25 години секако дека е еден голем јубилеј за мак- фудбалот. Мислам дека треба да победиме и потоа без притисок да заминеме за Ерменија“ вели Пандев. „Се надевам дека ќе има повеќе публика и дека низ Лигата на нации ќе се пласираме на Европско првенство а мене ќе ми се оствари сонот“ – рече меѓу другото нашиот капитен.
Џо Гомез е еден од најдобрите централни фудбалски дефанзивци во англиската Премиер лига, вели неговиот соиграч од Ливерпул – Трент Александар-Арнолд. „Црвените” досега се без пораз во првенството а примија само три гола. „Гомез покажува дека е еден од најдобрите во сезонава. Тој е млад а веќе доминира на неговата позиција гледано од сите во Лигата. Односот со (другиот централен дефанзивец) Виргил ван Дајк е навистина посебен. Тој е како негов помал брат “, изјави Александар-Арнолд за официјалниот сајт на Ливерпул. 21-годишниот Гомез, кој е поранешен фудбалер на Чарлтон, премина кај „црвените“ пред три сезони.
Двократниот шампион во кошаркарската НБА лига, Пол Гасол, имаше ласкави зборови за младиот репрезентативец на Словенија, Лука Дончич, кој треба да дебитира во најсилната лига на светот. „Дончич? Мислам ќе биде ѕвезда. Тој се докажа во Евролигата а мислам дека тоа ќе го направи и во НБА. Тој е предодреден да биде ѕвезда и да има една забележителна кошаркарска кариера“ – искоментира Гасол во интервјути дадено за – „Spanish radio Onda Cero“. 38-годишниот Гасол играше против Дончич во полу-финалето на ЕП во 2017 кога неговата Шпанија загуби од Словенија а Дончич постигна 11, кошеви, имаше 12 скокови и 8 асистенции.…
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, на денешната средба со новинарите, потврди, дека дури осум играчи се пожалиле на стомачен вирус и дека нивната состојба се следи во континуитет. Станува збор за: Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Давид Митов Нилсон, Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов. Македонија утре ќе биде домаќин на Лихтенштајн во Лигата на нации со тенденција да ја задржи победничката серија а Ангеловски и покрај проблемите со играчите, верува во успех. „Информација за вирусот е точна. Максимално сме фокусирани на Лихтенштајн и нема да калкулираме со составот. Лихтенштајн има нови имиња, но,…
Вардар кој фигурира на 144 место е најдобриот македонски фудбалски состав кога станува збор за Лигата на шампионите. УЕФА, денеска ја објави листата на клубови што се појавиле во историјата на ЛШ а „црвено-црните“ со нивниот ефект се убедливо најдобриот тим од нашава земја. Работнички е на 185 место а Шкендија се најде на 296-то. Подолу на списокот од нашите тимови фигурираат и поранешната Слога Југомагнат потоа Силекс, Победа, Македонија ЃП и Ренова. Што се однесува до врвот, Реал Мадрид има рекордни 13 титули. Веднаш зад него се рангирани Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Екипите на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед се главните кандидати да го обезбедат потписот на фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, објави денеска – „Лондон Ивнинг Стандард“. Велшанецот кој ќе остане без договор по крајот на сезоната од 1-ви јануари ќе има право да преговара со другите клубови. Според други пак, информации, за неговите услуги се заинтерсирани и луѓето од Тотенхем. 27-годишниот Ремзи ќе биде едно од најголемите имиња на трансфер пазарот во наредното лето. Тој јавно кажа дека сака да остане во Англија иако за неговите услуги се заинтересирани и италијанските екипи: Милан, Интер и Јувентус.
