Author: dino

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез,  го објави скратениот список со 20 играчи кој ќе се подготвуваат за претстојните квалификациски мечеви со Турција и Грција за место на Европското првенство во 2020 година. Ново име кај „жолто-црвените“ е ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски, кој ќе го заземе местото на Филип Миркуловски. Македонија на 25-ти октомври во Битола ќе ја пречека Турција а само три дена подоцна ќе гостува кај Грција.

Read More

Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, постојано е контрадикторен во изјавите околу неговите планови за наредниот период. Фудбалерот иако неодамна потенцираше дека размислува за трансфер во Шпанија, сега во последното интервју нагласи дека е среќен на „Стемфорд Бриџ“  и дека таму може да ја заврши и кариерата. Репрезентативецот на Белгија со 7 погодоци е лидер кај голгетерите во Премиер лигата. „Јас сум многу среќен со клубот и соиграчите. Моето семејство исто така се чувствува многу добро. Значи, ако не одам во Шпанија, нема да има никаков проблем. Ги сакам навивачите на Челзи а мислам дека и тие ме сакаат. Што…

Read More

Дел од англиските медиуми објавија дека челниците на Арсенал сакаат да го ангажираат фудбалерот на Ливерпул, Алберто Морено, кој има договор со „црвените“ до летото во 2019 година. Левиот бек кој има статус на резерва на „Енфилд“ , најверојатно уште во јануари ќе се обиде да пронајде друга средина во која ќе може да ги покаже неговите квалитети. Според  – „Мирор“, Шпанецот нема намера да остане во сегашниот  тим и затоа може да ја прифати евентуалната понуда од Арсенал. За Морено кој има 26 години, се појавија шпекулации дека е заинтересирана и екипата на Барселона која во тековнава сезона има…

Read More

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, вели дека Луис Хамилтон завршил одлична работа и дека е на чекор до шампионската титула во Формула 1. Шансите на Фетел  да стигне до неа се сведени на минимум пред почетокот на Гран При трката во САД бидејќи заостанува големи 67 бодови во однос на Британецот. Според математика, Хамилтон ќе треба да освои само осум поени повеќе од  Фетел за да си ја обезбеди и петтата титула. Запрашан дали Хамилтон и Мерцедес завршија подобра работа во сезоната, Фетел одговори: Досега, да. Тоа се гледа и според освоените бодови.

Read More

Ракометниот репрезентативец на Швајцарија, Енди Шмит, ја продолжи соработката со германскиот состав Рајн Некар Левен до 2022 година што практично значи дека таму ќе ја заврши и кариерата. Тој во 2010 година го напушти тимот на Манхајм и потпиша долгорочна соработка со „лавовите“. 35-годишниот среден бек стана првак на Германија во 2016 и 2017 година а во двете сезони беше издвоен и како најдобар ракометар во екипата. Во исто време тренерот на бундес –тимот, Николај Јакобсен, најави дека во наредниот период ќе им бидат продолжени договорите на уште неколку ракометари. Ќе потсетиме дека Рајн Некар Левен за кого игра и…

Read More

Возачот на Форс Индија во Формула 1, Серхио Перез, потврди дека ќе ги брани боите на екипата и во наредната сезона. Со тоа е ставена точка на сите претходни шпекулации дека Мексиканецот по доаѓањето на новото раководство може да го напушти тимот. „Многу сум среќен што конечно можам официјално да ја потврдам информацијата за моето останување во екипата на Форс Индија и во наредната сезона. Тоа е мојот дом од 2014. Година кој ми помогна да се развијам како возач“ – изјави Перез. Возачот на Форс Индија во тековниот шампионат го дели седмото место со Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, не е задоволен од игрите на првиот напаѓач, Алваро Мората и затоа ќе се обиде уште во јануари да ангажира нов голгетер. Шпанецот за година и половина помината во дресот на „сините“ постигна скромни 18 голови што според искусниот стратег е премалку. Затоа Сари има намера да го ангажира фудбалерот на Џенова, Криштоф Пјатек кој игра фантастично во Серија А и досега во тековната сезона постигна 13 голови во осум натпревари.

Read More

Светскиот рекордер на 100, 200 и 4х100 метри, Усаин Болт, кој во тимот на Централ Кост Маринос се обидува да направи фудбалска кариера, доби критики од поранешниот член на Ливерпул, Маркус Бабел, кој работи како тренер во шампионатот на Австралија. „Во поглед на марктингот тоа е сензационален потег бидејќи лигата доби поголемо внимание благодарение на него. Сепак, го гледав како игра, со сета почит, тој нема да да биде добар ниту за 100 години“ – изјави Бабел. Искусниот тренер кој седи на клупата на Сиднеј Вондерерс, претходно работеше и во германските бундеслигаши Штудгарт, Херта и Хофенхајм како и во швајцарскиот…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Оливие Жиру, може да го напушти тимот веднаш по отворањето на зимскиот трансфер период бидејќи за неговите услуги е заинтересиран Вест Хем, пишува – „Mirror“. Французинот кој заедно со Алваро Морати се бори за стартната постава на „Стемфорд Бриџ”, во досегашните 7 натпревари од Премиерлигата не постигна ниту еден гол. Неговиот договор истекува во 2019 -та што отвора простор за „чеканите“ да започнат преговори уште во јануари. Вест Хем и претходно сакаше да го купи напаѓачот кој  главно „ја грееше“ клупата во Арсенал, но, тој се определи да замине во Челзи.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав на Лос Анџелес Лејкерс предводен од новата ѕвезда во тимот, Леброн Џејмс, го претрпе првиот пораз во новата сезона во НБА конкуренцијата. „Езерџиите“ загубија од Портланд во „Мода центарот“  со 129 спрема 118. Новото засилување на Лејкерси, Леброн Џејмс, очекувано беше најдобар стрелец во поразениот табор со 26 поени на кои додаде уште 12 скокови и 6 асистенции. Кај домаќините се издвои Дамјан Лилард постигна 28 поени. Еве ги резултатите и од другите мечеви реалзирани во најсилната светска кошаркарска лига во текот на ноќта. Филаделфија – Чикаго 127-108, Вашингтон – Мајами 112-113.

Read More