Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, вели дека Луис Хамилтон завршил одлична работа и дека е на чекор до шампионската титула во Формула 1.
Шансите на Фетел да стигне до неа се сведени на минимум пред почетокот на Гран При трката во САД бидејќи заостанува големи 67 бодови во однос на Британецот. Според математика, Хамилтон ќе треба да освои само осум поени повеќе од Фетел за да си ја обезбеди и петтата титула.
Запрашан дали Хамилтон и Мерцедес завршија подобра работа во сезоната, Фетел одговори: Досега, да. Тоа се гледа и според освоените бодови.