Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, во фантастична атмосфера, успеавме да ја совладаме селекцијата на Турција со 31 спрема 27, полувреме 17:13. Нашите репрезентативци во континутет ја контролираа играта и резултатот а гостите само на моменти покажаа дека можат да парираат. Капитенот Кире Лазаров со девет голови беше најпрецизен во нашиот табор додека кај противникот се издвои Бичер кој постигна шест голови. Македонија во второто коло в недела ќе гостува кај Грција додека Турција на домашен терен ќе игра со Исланд.
Author: dino
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело, најверојатно ќе игра на неделното „Ел класико“ на теренот на Барселона, објавија медиумите во Шпанија. Фудбалерот на „кралевите“ се повреди на средбата со Викторија Плзен во Лигата на шампионите кога неговиот тим благодарение на неговиот гол успеа да победи со 2 спрема 1. Марсело денеска им се приклучил на осиграчите на редовниот тренинг а тренерот, Хулен Лопетеги, потенцирал дека тој ќе биде подготвен за натпреварот на „Камп Ноу“, но, дека ќе отсуствува друг дефанзивец. „Нашиот десен бек Дани Карвахал уште се опоравува од повредата која ја доби во почетокот на октомври. Не се знае дали…
Фудбалерите на Арсенал, Начо Монтреал и Сеад Колашинац, најверојатно ќе мора да го пропуштат неделниот меч со Кристал Палас кој треба да се одигра во рамките на 10 коло во Премиер лигата на Англија. Двајцата добија поштеда од тренерот, Унај Емери и за денешниот меч во Португалија против Спортинг Лисабон во рамките на новата рунда во Лигата на Европа. Во редовите на „топџиите“ за неделниот дуел на теренот на Кристал Палас, не влегува во комбинација капитенот, Лоран Косчелни, кој по тешката повреда полека се враќа во тренинг процес.
Сито Алонсо повторно остана без работа откако ја прекина соработката со хравтскиот кошаркарски состав Цедевита. Луѓето од Загреб не беа задоволни од досегашната работа на кошаркарскиот тренер по што одлучија да му врачат отказ. Хрватскиот состав во првите осум сезонски натпревари забележа 3 победи и 5 порази. Покрај Алонсо, клубот ќе го напуштат и Матеј Мамич, кој ја имаше позицијата генерален менаџер. На неговото место ќе седне поранешниот тренер на Цедевита, Вељко Мршиќ, додека на тренерската позиција ќе застане Славен Римац кој работеше со младинскиот погон на екипата.
Луѓето од Ред Бул нема да му дозволат на Даниел Рикардо да вози за Рено за време на тестот на официјалниот снабдувач на гуми во Ф1- Пирели, кој ќе се одржи по завршувањето на Гран При трката во Абу Даби. Тој тест е единствената можност за пилотите да ги запознаат новите тимови пред да бидат направени зимските тестови во Барселона во месец февруари. Дел од возачите, пример – Шарл Леклер, кој ќе го размени местото со Кими Раиконен во Ферари, како и Пјер Гасли во Ред Бул и Џорџ Расел во Вилијамс, нема да имаат проблем да тестираат со нивните…
Фудбалерот на Челзи, Рос Баркли, призна во последното интервју дека дури во тековнава сезона се чувствува добро во клубот. Тој се активираше кај лондончани во претходната година откако го напушти Евертон, но, ретко наоѓаше место во стартниот состав. Сега откако започна да игра редовно, изјави, дека тоа му влијае максимално позитивно .„ Расположението сега е одлично. Кога дојдов тука бев среќен бидејќи му се приклучив на голем клуб со огромни амбиции. Треба да потенцирам дека дојдов со потешка повреда и дека во полем дел од времето морав да се фокусирам на здравствената состојба. Знаев дека сезонава ќе биде моја. Сега…
Во текот на денов ќе се реализираат последните мечеви од третото коло во Лигата на фудбалските шампиони. Првите средби ќе започнат во 18.55 часот. Бриж ќе биде домаќин на Монако а ПСВ ќе го пречека Тотенхем. Од 21.00 часот ќе играат: Барселона-Интер, Борусија Дортмунд-Атлетико Мадрид, Галатасарај-Шалке, Ливерпул-Црвена Ѕвезда, Локомотив Москва-Порто и ПСЖ-Наполи. Денешните средби во фудбалската елита на Стариот континент можете да ги следите во специјализирани термини низ програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. Вчера пак, беа одиграни осум средби. Еве ги комплетните резултати: АЕК-Баерн Минхен 0:2, Ајакс-Бенфика 1:0, Јанг Бојс-Валенсија 1:1, Рома-ЦСКА Москва 3:0, Хофенхајм-Лион 3:3, Манчестер Јунајтед-Јувентус 0:1,…
Италијанскиот гигант, Интер, со одлична серија од седум победи во сите конкуренции, денеска во вечерниот термин ќе се појави на теренот на Барселона во натпревар од 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Пред мечот на „Камп Ноу“, искусниот играч во калчо-лигашот, Жоао Миранда, вели дека отсуството на Меси во таборот на Шпанците, нема да значи апсолутно ништо бидејќи противникот располага со многу фудбалери кои можат да го одлучат победникот со само еден потег. „Знаеме дека Барселона не е само Меси, тие имаат прекрасни играчи кои можат да направат разлика. Во исто време, ние имаме квалитет да го запреме Луис…
Бразилскиот фудбалер Марсело по вчерашната победа на неговиот Реал Мадрид против Викторија Плзен со 2:1 во 3 коло во Лигата на шампионите, беше крајно изнервиран од прашањето дали тренерот Лопетеги ќе остане и за големото дерби на Шпанија закажано за в недела кај Барселона. „Лопетеги ќе биде со нас и на Камп Ноу. Тој работи одлично а вие новинарите постојано зборувате за некаква криза. Изгледа дека сте љубоморни бидејќи не знаете да играте фудбал“ – одговори луто Бразилецот кој беше прашан дали ќе остане во тимот бидејќи се појавија шпекулации дека може да замине во Јувентус. „Не сум слушнал ништо…
Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурио, вели дека вчерашниот пораз на неговиот тим од Јувентус во Лигата на фудбалските шампиони не е изненадување бидејќи италијанскиот тим го гледа како еден од фаворитите за освојување на титулата. Составот од „Чизмата“ кој победи со 1 спрема 0, воодушеви со играта во дефанзивата на што не остана рамнодушен и „специјалниот“ кој гo пофали тандемот стопери во противничкиот табор. „Мистер Кијелини и Мистер Бонучи можат да држат предавања на Харвард како треба да играат централните дефанзивци. Tие двајца се фантастични фудбалери, вонземјани“ – изјави Мурињо веднаш по мечот на „Олд Трафорд“.…
