Хабиб Нурмагомедов ќе остане шампион на УФЦ во лесна категорија, но, ќе биде суспендиран заедно со Ирецот, Конор Мекгрегор.
Нивниот последен меч во Лас Вегас донесе многу екцесни ситуации и физички пресметки во кои беа инволвирани и двајцата борци.Претстедателот на УФЦ, Дејна Вајт, вели дека Русинот ќе биде санкциониран поради нападот врз дел од стручниот тим на неговиот противник.
„Хабиб ќе ја задржи титулата а суспензијата ќе трае четири до шест месеци“ – изјави Вајт. Што се однесува пак, до Мекгрегор, тој во период од еден месец нема право да биде активен во рингот.