Шарл Леклер, младиот возач на Ферари во Формула 1 кој треба да дебитира во 2019 година, вели дека италијанскиот тим ќе треба да го отпушти доколку не ги задоволи барањата на раководството.
21-годишниот Леклер од наредната сезона ќе го замени Кими Раиконен и ќе стане вториот најмлад возач во историјата на Скудерија. Пред него ќе остане само Рикардо Родригез кој во 1961 година дебитираше за екипата од Маранело на само 19 години.
„Во нашиот спорт има многу тензии, но, јас не сум нервозен човек. Можам да го издржам притисокот бидејќи имам таков менатлитет“ – потенцираше Леклер.