Светскиот боксерски шампион на „WBC“ во тешка категорија, Дионте Вајлдер, предвиде дека брутално ќе го нокаутира Тајсон Фјури на нивниот меч во рингот во „Стејпл Центар” во Лос Анџелес закажан на 1 декември.
„Јас ја замислив нашата битка. Не знам колку рунди ќе издржи Тајсон Фјури, но, најверојатно ќе го нокаутирам некаде во средината или на крајот на битката. Се зависи од тоа колку брзо ќе се адаптирам на неговиот стил, откако ќе го направам тоа ќе бидете сведоци на брутален нокаут “ – изјави Вајлдер.
„Знам дека сите ќе бидат задоволни. Тоа ќе биде таков нокаут што долго ќе се памети бидејќи неговото тело ќе се заврти околу оската и ќе падне во рингот. Погледот ќе биде исклучителен. Не можам да дочекам да го испратам во несвест. Не одете во тоалетот или барот затоа што може да го пропуштите тој момент“ – рече самоуверено Вајлдер.