Напаѓачот на нашата фудбалска репрезентација, Иван Тричковски, верува дека Македонија ќе го совлада Гибралтар во групната фаза во Лигата на нации и дека ќе остане на патот кон Европското првенство. „Знам дека нема да ни биде лесно, но, верувам дека ќе ги освоиме бодовите и ќе го потврдиме пласманот во полу-финалето. Верувам дека сите ќе одиграме на посакуваното ниво. Само ние може да направиме победата против Гибралтар да биде лесна“ вели Тричковски. „Сакаме да постигнуваме повеќе голови, но, не е лесно да се игра против селекции кои форсираат дефанзивен фудбал. Мислам дека треба да ја искористиме шансата и да останеме…
Author: dino
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, очекува сигурна победа на утрешниот меч со Гибралтар во последното коло во групниот дел во Лигата на нации. Мечот ќе биде одигран на Арената во Скопје. „Противникот главно игра дефанзивно, Ние мораме да победиме и да го потврдиме првото место во групата. Пандев сигурно ќе ни недостасува, но тимот треба да одигра за него. Воопшто не размислувам на плеј-офот и можниот противник“ – вели Ангеловски. „Можеби на дел од мечевите не играме добро, но, победуваме а тоа е најзначајно. Сакам да го „отвориме“ Гибралтар уште во почетокот. Ќе мораме да бидеме агресивни и…
Македонија и Гибралтар утре на Арената во Скопје ќе го одиграат последниот меч од групната фаза во фудбалската Лига на нации. Нашата селекција го има првото место додека гостите се во позиција на аутсајдер. Нивниот селектор, Хулио Рибас, на денешната средба со новинарите не ја пропушти можноста да ги пофали нашите фудбалери. „Мора да кажам дека Македонија е најдобрата репрезентација во групата. Ние како млада селекција ќе ни биде чест што ќе играме против репрезентација во чии редови има голем број фудбалери од најсилните европски лиги“ вели Рибас. „Ќе се обидеме во Скопје да одиграме најдобро што можеме иако тоа…
Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, кој сезоната ја заврши на третото место на АТП листата, вели дека нема намера да се повлече од тениските терени и дека ќе биде крајно мотивиран за големи успеси во наредната сезона. Тој по поразот од Александер Зверев во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, објасни дека планира да игра и во 2019 година и дека посакува да се врати на челната позиција во светското рангирање. Според него, оптимизмот го темели на тоа што ги губи мечевите со минимална разлика. „Малку сум разочаран како ја завршив годината, беше многу неизвесно. Токму поради тоа верувам дека и…
„ББС“ која ја доделува наградата за Најдобар африкански фудбалер на годината, ги објави имињата на номинираните за признанието за 2018-та. Очекувано на списокот се ѕвездите на Ливерпул, Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал), потоа дефанзивците на италијанските состави Јувентус и Наполи – Меди Бенатија (Мароко) и Кулибали (Сенегал) како и халфот на Атлетико Мадрид, Томаш Парте од Гана. Според проценките, како главен фаворит се издвојува минатогодишниот освојувач Салах додека како негов главен конкурент се потенцира неговиот колега од „Енфилд“, Мане. Гласањето ќе трае до 2-ри декември а победникот ќе биде објавен на 14-ти.
Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, кој има постигнато 19 голови за „Гордиот Албион“, вели дека ќе се обиде да стане најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација и да го престигне рекордерот, Вејн Руни, кој има 53 голови. „Тоа е една од моите желби. Знам дека сега изгледа како тешка задача, но, ќе одам чекор по чекор и по неколку години ќе видиме до каде сум стигнал и колку е реално да го престигнам Руни“ – потенцирал Кејн. Напаѓачот на Англија кој беше прогласен за најдобар стрелец на летниот Мундијал во Русија, нема постигнато гол за неговата селекција во последните…
Англискиот фудбалски состав, Арсенал, внимателно ја следи ситуацијата со Хамес Родригез откако германскиот весник – „Кикер“, објави, дека Баерн Минхен нема намера да го откупи напаѓачот кој игра како позајмен од Реал Мадрид. Сега се појавија првите шпекулации дека тренерот на „топчиите“, Унај Емери, сака да го ангажира Колумбиецот иако тој од неодамна се соочува со повреда на лигаментите. Медиумите објавија дека лондончани се подготвени да испратат понуда од 90 милиони евра за да го купат Родригез. Во исто време, играчот на Арсенал, Арон Рамзи, се наоѓа на радарот на Баерн Минхен.
Возачот во Мото Гран При Шампионатот, Маверик Винјалес, во наредната сезона ќе го носи бројот 12. Шпанецот се определи да ја замени 25-та со која се натпреваруваше бидејќи сака да ја прекине лошата серија со Јамаха во последниве две години. Тој објасни дека новиот број го претставува неговиот роденден – 12 јануари. Ќе потсетиме дека 12-ката досега ја имаше пробниот пилот на „Honda“, Томас, кој ќе се врати во Мото 2 што значи дека Виналјес ќе може да го користи новиот број. Тоа може да се види и на листата на пријавени натпреварувачи за сезоната 2019-та. Дебитантите догодина, Фабио Куартараро и…
Селекторот на фудбалерите на Португалија, Фернандо Сантош, откако изрази жалење бидејќи го нема на располагање, Кристијано Роналдо, потенцирал, дека ѕвездата на Јуве треба да ја добие наградата – „Златна топка“. „Нема тим на кој не му недостасува Кристијано Роналдо, кога не игра. Тој е секогаш значаен фактор. Тој е најдобриот играч на светот. Роналдо треба да го добие признанието што го заслужува. Се надевам дека тоа ќе се случи на крајот на годинава кога ќе се додели „Златната топка“. Токму таа титула треба да потврди дека е најдобар на светов“ – изјави Сантош на прес-конференцијата пред денешниот дуел на Португалија против Италија…
Светскиот фудбалски шампион, Франција вчера загуби на теренот на Холандија со 2 спрема 0 во рамките на претпоследното коло во Лигата на нации. Селекторот на „триколорите“, Дидие Дидие Дешамп, вели дека неговите избраници одиграле под очекувањата и дека домаќините повеќе ја посакувале победата. „Заслужен пораз од холандскиот состав кој покажа квалитет и желба за победа. Тие и претходно покажаа дека имаат квалитет и дека можат да победат на секој меч“ – вели тренерот на Франција. „Ние имавме многу слаби точки на теренот. Разликата во играта беше видлива во повеќе сегменти. Нашата цел беше да го обезбедиме првото место во групата,…
