Author: dino

Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед, потврди, дека ќе одигра пријателски дуел со  еден од неговите традиционални ривали – Лидс, во рамките на летните подготовки догодина во Австралија. „Црвените ѓаволи” ќе имаат два пријателски меча во кампот во Перт а едниот од нив ќе биде со локалниот состав Перт Глори на 13 јули. Средбата со Лидс пак, е предвидена за 17-ти во истиот месец. Манчестер Јунајтед и Лидс имаат старо ривалство познато на островот како – „Војна на розите”. Откако Лидс испадна од Премиер лигата во 2004 година, двата тима се сретнале само двапати и тоа во Куповите на Англија. Во…

Read More

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, заработи неверојатни 11.251.508 долари во периодот од 18 јуни до 19 ноември само од настапите на турнирите. Триумфот во САД му донесе 3,8 милиони долари додека за по првото место на Вимблдон инкасираше 2.885.500 долари. Ѓоковиќ во изминатите 5 месеци беше дел од шест финалиња во кои имаше ефект од четири победи (Вимблдон, Синсинати, Ју-Ес опен и Шангај) и два пораза во Париз и Лондон. Шпанецот Рафаел Надал се наоѓа на второто место според заработувачката со 8,6 милиони долари додека младиот Германец, Александар Зверев, кој направи сензација со победата во Лондон, го збогатил…

Read More

Пилотот од академијата на Ред Бул, Дан Тиктам, кој во изминатиот викенд победи на трката на улиците на Макао , ќе направи деби во завршницата на шампионатот во Формула 2 која ќе биде реализирана во Абу Даби. 19-годишниот натпреварувач не успеа да го победи Мик Шумахер во Формула 3 во тековнава сезона, но, по неговата победа во Макао доби подарок од Ред Бул. Учеството на Тиктам во Формула 2 беше потврдено и од страна на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА). Се очекува Тиктам во наредната сезона да вози во јапонските серии – Супер Формула. З апрашан дали може паралелно со Супер…

Read More

Клубовите од кинеската Супер лига ќе имаат лимит на платите во наредната година и одредени други ограничувања поврзани со мултимилионските трансфери, соопштија луѓето од локалната федерација и агенција Ксинхуа. Официјалните лица објавија дека од новата сезона ќе има ограничувања на финансиските инјекции за клубовите, бонусите на играчите, трансферите и платите.Новиот правилник ќе ги задолжи клубовите да се придржуваат кон универзалните стандарди за договорите на фудбалерите како и до горната граница на платите. Во почетокот на наредната сезона секој локален играч ќе потпише договор за вработување, кој исто така ќе вклучува бонус-лимити за секој натпревар. Плаќањата во готовина ќе бидат строго…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, побарал од Фудбалската асоцијација на Англија да му даде повеќе време за да одговори на обвинувањата дека ги прекршил правилата за обложување на фудбалски натпревари. 29-годишниот играч имаше време да го стори тоа до крајот на работниот ден на 20-ти ноември. Медиумите на островот сугерираат дека Стариџ го добил посакуваното одложување. Обвинувањата се однесуваат на периодот во кој Стариџ играше како позајмен во Вест Бромвич во јануари годинава. Во официјалната изјава дадена преку неговиот состав, Ливерпул, напаѓачот вели дека никогаш не се обложувал на фудбалски мечеви. Клубот додаде дека Стариџ целосно соработува во случајот.

Read More

Напаѓачот на Франција и на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, тврди дека не е опседнат со мислата да ја освои наградата – „Златна топка”. Светскиот шампион заедно со Лука Модриќ, Рафаел Варан, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо, се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на најголемата индивидуална награда. „Сакам да ја освојам Златната топка. Дали  се чувствувам опседнат со тоа? Не, тоа би било проблем во Франција. Луѓето тука не сакаат кога некој се стреми кон индивидуалните награди. Јас сум горд што влегов меѓу претендентите и се се надевам дека ќе ја освојам“ – вели напаѓачот. „Се разбира дека постојат и…

Read More

Нашата хокеарска репрезентација денеска славеше на мечот со Португалија со 5 спрема 4 и како првопласирана влезе во завршниот дел на „Девелопмент Купот“ кој се реализира во Фусен, Германија. Првата третина им припадна на противниците, но, до крајот на мечот нашите репрезентативци направија комплетен пресврт и се максимални три победи (Ирска, Андора и Португалија) ја продолжија битката за победничкиот пехар. Попладне не чека полу-финалето и тоа повторно против Андора. Финалето и мечот за третото место на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени се закажани за утре.

Read More

Кошаркарот на Чикаго Булс, Дензел Валентајн, ќе мора да оди на операција на глуждот, објави тимот од НБА конкуренцијата. 25-годишниот играч го очекува рехабилитација најмалку од 4 до 6 месеци што практично ќе стави крај на неговите надежи за повторно да заигра во тековнава сезона. Популарните „Биковите” објавија дека Дензел може да се вклучи во тимот дури во почетокот на предсезонските подготовки во текот на наредното летото иако потајно се надеваат дека неговото опоравување ќе оди со побрзо темпо. Дензел кој се повреди некаде во средината на септември се обиде да остане активен под обрачите, но, последните лекарски прегледи потврдиле…

Read More

Фернадо Алонсо иако неодамна ја нарече Формула 1 – “слабо шоу”,  не ја исклучува можноста да се врати на патеките во 2020 година. Двократниот светски шампион во месец август рече дека на крајот на сезоната ќе се повлече од Ф1 а подоцна прецизираше дека ќе замине во натпреварувањето – Инди Кар 500.  Тој во меѓувреме ја освои Гран-при трката во Монако возеше и на 24 часа Ле Ман со тимот на Тојота. Шпанецот не ги открива плановите за 2019, но, не крие дека размислува од 2020 да се врати во Формула 1 доколку ги има потребните услови.

Read More

Мо Фара кој има четири златни медали од Олимписките игри, ќе учествува на маратонот во Лондон во 2019 година, објавија организаторите. За 35-годишниот атлетичар тоа ќе биде третото појавување на патеката во британскиот главен град. Фара до крајот на кариерата има намера целосно да се посвети на маратонот. Тој во април годинава на маратонот во Лондон заврши на третата позиција со време од 2 часа, 6 минути, 21 секунди. Во септември, Фара го собори европскиот рекорд на маратонот во Чикаго откако го претрча за 2 часа, 5 минути и 11 секунди.

Read More