Првиот човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, соопшти дека големото Суперкласико меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на „Сантијаго Бернабе“. Тој откри дека клучен фактор за одлуката бил првичниот разговор кој го имал со Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, кој експресно дал зелено светло за организирање на спектакуларниот натпревар без разлика на опасноста која го носи ривалството на двата клуба. „ Натпреварот меѓу Ривер и Бока ќе се одигра на „Сантијаго Бернабе“ со присуство на двете навивачки групи. Натпреварот ќе се одигра на 9 декември во 20:30 часот“ – вели претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.
Author: dino
Тренерот на ракометарите на Металург, Данило Брестовац, по вчерашниот минимален пораз на гостувањето кај Војводина во рамките на СЕХА лигата, изјави, дека домаќините играле премногу грубо. „Верувам дека натпреварот во одредени моменти беше премногу груб. Противникот играше агресивно во обидот да го компензира отсусутвото на пет повредени играчи“ – објасни како размислува Брестовац. Играчот, Александар Шпенде, го дели мислењето на неговиот тренер. „Војводина беше многу агресивна во одбраната и ние не можевме да одговориме на тоа. Постигнавме 30 гола, но, на крајот сепак загубивме. Треба да поработиме на офанзивниот и на дефанзивниот дел од нашата игра“ – изјави интернационалецот од…
Денеска во Франција ќе започне 13-то Европско првенство во ракомет за жени. На отворањето не очекува мега пресметка меѓу домаќинот кој е актуелен светски првак и селекцијата на Русија која на ЛОИ во Рио се искачи на највисокото место на пиедесталот. Во групната фаза мечевите ќе се реализираат во салите во Париз, Нант, Брест и Монбелјар додека завршницата и решавачките мечеви за медали ќе бидат одиграни во „Акор Хотелс Арена“ во претстолнината на Франција. На шампионатот ќе учествуваат 16 земји а пехарот ќе го брани селекцијата на Норвешка.
Тајсон Фјури кој в сабота ќе боксува против Деонте Вајлдер за титулата во тешка категорија во ВБЦ, изјави, дека заработката од тој меч ќе ја донира во хуманитарни цели. „Целата заработка ќе ја донирам за изградба на домови за бездомниците. Не ми требаат толку пари и не знам како подобро да ги искористам. Не сакам да бидам милионер или милијардер. Јас сум боксер, а не бизнисмен,а на крајот веројатно ќе завршам како и поголемиот број боксери, шворц“- вели Фјури. „Парите не можеш да ги однесеш со себе в гроб, па подобро да направам нешто за луѓето кои имаат потреба од…
Големата ѕвезда на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе се врати во игра в сабота на гостувањето кај Детроит Пистонс во новата рунда, изјави задоволно тренерот на „воините“, Стив Кер. Кошаркарот ги пропушти последните 10 натпревари откако се повреди на мечот со Милвоки Бакс одигран на 8 ноември. Додека тој отсусутвуваше од теренот, неговиот Голден Стејт загуби на пет од последните 10 натпревари.
Фудбалерот, Кристијан Ериксен, набрзо може да го напушти составот на Тотенхем. Според објавеното во весникот – „Марка“, луѓето од „Вајт Харт Лејн“ се подготвени да му го продадат 26-годишниот Данец на шпанскиот Реал Мадрид за рекордни 250 милиони евра. За челниците на „кралевите“, Ериксен е главен фаворит да го замени Хрватот, Лука Модриќ, кој набрзо ќе наполни 34. години а според шпекулациите може и да го напушти тимот. Ериксен во тековнава сезона одигра 15 натпревари за Тотенхем, во кои постигна два гола и имаше пет асистенции.
Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, кој поради повреда речиси два месеца помина надвор од терените може да заигра на денешниот меч со Интер во Лигата на фудбалските шампиони, најави на последната средба со новинарите, тренерот на англичаните, Маурисио Почетино. Вертонген последен пат настапи на мечот со Хадерсфилд на 29 септември кога неговиот тим успеа да забележи победа. Неговото враќање во тимот сигурно ќе донесе поголем квалитет во дефанзивата и средниот ред. Тотенхем денеска мора да оди на победа за да ги задржи шансите за пласман во фазата на елиминации во Лигата на шампионите.
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, сака максимално да ги мотивира неговите фудбалери за денешниот меч со Тотенхем во Лигата на фудбалските шампиони. Италијанците ќе гостуваат на легендарниот „Вембли“ со тенденција да ги освојат бодовите и да го заверат пласманот во наредната фаза. „Способни сме да одиграме добар натпревар против секој противник. Тотенхем е подготвен брилијантно како на тактички така и на технички план“ – вели Спалети. „Сега е моментот да видиме дали сме вистинскиот Интер. Во лигата на шампионите има тимови кои го достигна максимумот. Ние мора да го гледаме мечот како последна шанса за пласман во елиминациите. Верувам дека…
Екипата на Торо Росо во Формула 1 потврди дека младиот возач Александар Албан ќе му биде тимски колега на Даниел Квајт во наредната сезона. 22 годишниот натпреварувач кој има британско-тајландско потекло и годинава заврши на второто место во шампионатот во Формула 2 и покажа дека го има потребнио квалитет за да прогресира во така наречениот „циркус на тркала“ . Тој сега ќе мора го раскине договорот со тимот на Нисан во Формула Е за да може да настапи во Ф1. „Одлично е чувството кога знаеш дека ќе се натпреваруваш во Ф1. Работев многу напорно и сакам да му кажам едно…
Поранешниот напаѓач на Челзи , Дидие Дрогба, посака тимот од Лондон да ја освои титулата во Премиер лигата иако е свесен дека тоа ќе биде многу тешка мисија во тековнава фудбалска сезона. „Ние сме најдобриот тим во Лондон. Се надевам дека ќе ја освиме титулата, но тоа ќе биде многу тешко, бидејќи Манчестер Сити игра прилично добро. Сепак, имаме тим кој може да им се спротивстави на сите благодарение на добрата работа на тренерот Маурицио Сари “ – искоментира Дрогба. Црномурестиот фудбалер неодамна стави крај на кариерата во која најголемите успеси и ѕвездените моменти ги имаше токму во дресот на Челзи.
