Денеска беа формирани двојките за 1/16 финалето на Лигата на Европа. Викторија (Чешка) – Динамо (Загреб, Хрватска) Бриж (Белгија) – Салцбург (Австрија) Рапид (Австрија) – Интер (Италија) Славија (Чешка) – Генк (Белгија) Краснодар (Русија) – Баер (Германија) Цирих (Швајцарија) – Наполи (Италија) Малме (Шведска) – Челзи (Англија) Шахтјор (Украина) – Ајнтрахт (Германија) Селтик (Шкотска) – Валенсија (Шпанија) Рен (Франција) – Бетис (Шпанија) Олимпијакос (Грција) – Динамо (Киев, Украина) Лацио (Италија) – Севиља (Шпанија) Фенербахче (Турција) – Зенит (Русија) Спортинг (Португалија) – Виљареал (Шпанија) БАТЕ (Белорусија) – Арсенал (Англија) Галатасарај (Турција) – Бенфика (Португалија). Првите натпревари ќе се одржат од 12…
Author: dino
Манчестер Јунајтед-ПСЖ и Ливерпул-Баерн Минхен се најатрактивните двојки во фазата на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони. Денешното составување на паровите за елиминацискиот дел сакаше четата на Мурињо да излезе на мегдан со ѕвездениот тим од Франција додека избраниците на Клоп да ги вкрстат копјата со гигантот од Баварија. Англичаните во двата дуела ќе бидат домаќини во првите средби. Што се однесува до другите двојки, бранителот на пехарот Реал Мадрид ќе игра со Ајакс, Шалке ќе излезе на мегдан со Манчестер Сити, Атлетико Мадрид ќе се сретне со Јувентус предводен од Роналдо, Тотенхем ќе игра со Борусија Дортмунд, Олимпик Лион…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, направи интересна анализа во обид да објасни зошто неговиот тим загуби на вчерашното дерби во Премиер лигата на теренот на Ливерпул. Според Португалецот, неговите фудбалери не можеле да парираат на високото темпо на противникот бидејќи повеќе од нив се перманентно повредени и не можат да бидат во оптималната физичка форма. Специјалниот за тоа ги обвини неговите претходници, Луис ван Гал и Дејвид Мојс. „Имаме многу фудбалери кои се речиси секогаш повредени и никогаш не можам да ги користам. Така беше и пред мене, ќе го видите тоа ако ги погледнете статистиките на Ван Гал и Дејвид Мојс.…
Фудбалерите на Арсенал претрпеа пораз на гостувањето кај Саутемптон а еден од стандардните првотимци – дефанзивецот Хектор Белерин, заработи потешка повреда. Тренерот на лондончани, Унај Емери, веднаш по мечот оптимистички изјави, дека бекот е значаен дел од екипата и дека очекува брзо да се врати на теренот. „Ќе сочекаме за подетални информации, тоа можеби ќе се случи до вторник. Веќе в среда не очекува нов натпревар а потоа и в сабота. Мислам дека Белерин ќе паузира неколку седмици“ – изјави шпанскиот тренер. Во екипата на Арсенал деновиве треба да се вратат рековалесцентите: Сократис, Мустафи и Колашинац. Што се однесува до…
Возачот во Формула 1, Шарл Леклер, кој по крајот на сезоната во Абу Даби имаше можност да направи тест со болидот на Ферари, на последната средба со новинарите не сакаше да зборува околу шансите за титулата, но, посочи дека повеќе елементи ќе бидат пресудни во новата сезона. „Мојата цел е да го дадам максимумот и да ги оправдам очекувањата на тимот. Покрај себе ќе имам возач како Себастијан Фетел, кој ќе ми помогне да се развивам и да учам. Што се однесува до моите цели, јасно е дека како возач на Ферари би сакал да победам на неколку трки: на…
Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро, успеа да ја санира повредата на коленото и по само два месеца пауза да се врати во тренинг процес. Тој во тековнава година имаше успешни настапи, но, заради повредата мораше да ги пропушти последните Мастерс турнири како и завршниот собир во Лондон. „Започнав да играм тенис, тоа е добар знак. Два месеца по повредата се чувствувам добро и полека започнувам да се враќам во натпреварувачки ритам“ – изјави Дел Потро. Ќе потсетиме дека благодарение на неколку освоени турнири, Аргентинецот ја заврши годинава на петтото место на АТП листата на најдобрите светски тенисери.
Во организација на Македонската карате Федерација, деновиве се оддржа Меѓународниот турнир во карате – ,,Трофеј на Македонија“ на кој настапија спортисти од :Турција, Словенија, Бугарија, Косово, Албанија и комплетната сениорска репрезентација на нашава земја. Каратистите на Макпетрол кои се стандардни репрезентативци во сениорската репрезентација, освоија седум медали, од кои 1 златна, 5 сребрени и 1 бронзена медала. Тоа го направија: Анѓела Мојсовска златен медал категорија -68 кг, Наташа Стефановска сребрен медал -61 кг, Моника Пендаровска сребрен медал -55 кг, Давид Петков сребрен медал -67 кг, Петар Заборски сребрен медал -75 кг, Петар Спасеновски сребрен медал -84 кг и Моника Стефановска…
Фудбалерите на Барселона вчера славеа на теренот на Леванте со убедливи 5 спрема 0 во Примера дивизион а Лео Меси се израдува на 323-та победа во дресот на Каталонците со што го помина легендарниот Чави. Аргентинецот кој направи хет-трик и имаше две асистенции, стана првиот фудбалер со дабл-дабл ефект во сезонава во најсилните пет лиги. Меси има 14 голови и 10 асистенции. Ѕвездата на Барса досега има постигнато 50 голови во годинава која изминува што претставува и своевиден рекорд. Имено, во последниве девет години, тој успеа да дојде до просек од 50-ет погодоци.
Македонскиот фудбалски интернациоанелц, Горан Пандев, синоќа во дресот на Џенова ги одигра последните 25 минути од мечот во Рим против Рома а неговиот состав загуби со 3 спрема 2. Пандев прво имаше одлична шанса а потоа во 93-та минута беше турнат во шеснаесетникот од Флоренци. Сепак, судијата реши дека нема елементи за пенал и не сакаше да ја искористи видео-технологијата ВАР, со што ги разбесни сите во Џенова. „Чист пенал! Барав да има ‘ривју’ со ВАР. Сето тоа беше грешка на судиите. Тоа е голема грешка и многу ми е жал. Не заслуживме да загубиме. Требаше да освоиме бод(ови)“, вели…
Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, денеска се реализира последниот натпреварувачки ден на Турнирот на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио 90,3 ФМ. Еве ја комплетната програма. ТЕРМИН НАТПРЕВАР 11.00 ФИНАЛЕ КОМПАНИИ / Астра Казино – Тотал ТВ 2-0 11.35 ФИНАЛЕ ОПШТИНИ / Гази Баба – Кисела Вода 1-4 12.10 ФАКУЛТЕТИ (ПРАВЕН – ЕКОНОМСКИ) 2-2 (0-1)пенали 12.50 ФИНАЛЕ Основни Училишта / Ѓ. Петров – Г. Делчев 2-2 (3-1)пенали 13.20 РЕВИЈАЛНА СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ – ФФМ 2-2 14.10 РЕВИЈАЛНА ГРАД СКОПЈЕ – МВР 5-1 14.50 ФИНАЛЕ ПЕТЛИЊА / Вардар 1 – Кул 1 4-1 15.20 РЕВИЈАЛНА (НОВИНАРКИ –…
