Возачот во Формула 1, Шарл Леклер, кој по крајот на сезоната во Абу Даби имаше можност да направи тест со болидот на Ферари, на последната средба со новинарите не сакаше да зборува околу шансите за титулата, но, посочи дека повеќе елементи ќе бидат пресудни во новата сезона.
„Мојата цел е да го дадам максимумот и да ги оправдам очекувањата на тимот. Покрај себе ќе имам возач како Себастијан Фетел, кој ќе ми помогне да се развивам и да учам. Што се однесува до моите цели, јасно е дека како возач на Ферари би сакал да победам на неколку трки: на пример на мојата домашна во Монте Карло, како и на Монца“ вели Леклер.
Ферари ја закажа промоцијата на новиот болид на 15 февруари а медиумите дознаа дека тој ќе го носи кодното име – „Проект 670“. Тестирањата за новата сезона се предвидени да започнат на 18 февруари на патеката – „Каталуња“ во близина на Барселона

