Новите правила за одбојка на снег беа одобрени од страна на Европската конфедерација. Менаџментот се надева дека со нив ќе започне нова етапа за тој спорт.
Револуционерниот формат – „три на три“ ќе се користи на турнирот во Москва. Руската престолнина ќе биде домаќин на натпреварите од почетната фаза на европската турнеја. Мечевите ќе се одиграат во спортскиот комплекс на Динамо. Новитет е тоа што ќе има три играчи на теренот и еден како резерва. Секој меч ќе се игра до три освоени сета а евентуалната мајсторка со 15 освоени поени или минимална разлика од две поени. Димензиите на теренот остануваат исти – 16×8 метри со слободна зона од најмалку два метра.
Европската турнеја во одбојка вклучува седум станици во пет земји (Австрија, Грузија, Италија, Русија и Турција).