Градоначалникот на Мајорка, Матеус Пугрос, ја искористи можноста јавно да му се заблагодари на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој донираше еден милион евра за настраданите во неодамнешните поплави кои се случија во неговиот роден град.
„Во име на сите граѓани сакам да му се заблагодарам на Надал на тоа што го направи на лице место”- стои во дел до изјавата на Пугрос која ја пренесоа медиумите во Шпанија.
Ќе потсетиме дека во природната катастрофа животот го загубија 13-ет лица а Рафаел Надал беше на терен и помагаше во санирањето на штетите.

