Author: dino

Унаи Емери, тренерот на фудбалерите на Арсенал, на последната средба со новинарите пред  дербито на теренот на Ливерпул, вели дека неколку првотимци ги санирале повредите и дека ќе може да настапат на  – „Енфилд Роуд“. „Мустафи добро се покажа на последниот тренинг и може да влезе во ротација. Има уште неколку играчи што ги санираа повредите и ќе може да ги искористам за мечот со Ливерпул“ – потенцираше Емери. Познато е дека во болницата на „топчиите“ од поодамна се:  Белерин, Мавропанос, Холдинг, Мхтаријан, Смит , Велбек и Монреал. Според, Емери,  дел од нив  може да излезат на мегдан со лидерот…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, планира да го засили средниот ред во јануарскиот трансфер период. Според наведеното во медиумите во Англија, негова желба е играчот на Челзи, Цеск Фабрегас, кој не успеава да се избори за првотимскиот статус во редовите на лондончани. Според шпанскиот тренер, неговиот сонародник може да ја пополни празнината  бидејќи Фернандињо нема да може да настапува одреден период. Фабрегас ги имаше најдобрите денови во кариерата токму под диригентската палка на Гвардиола додека го носеше дресот на Барселона. За  неговите услуги се заинтересирани и Монако од Франција и италиајнскиот Милан.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери,  проценува дека екипата на Ливерпул може да го заврши домашниот шампионат без пораз. Тимот на Јирген Клоп е единствениот кој по 19 кола нема пораз во Премиер лигата. „Ги следам нивните мечеви во текот на годинава и слободно можам да кажам дека тие се во одлична форма. Ние се сретнавме на Емирати и одигравме 1:1. Тоа беше добар натпревар за нас, но, мислам дека сега Ливерпул ќе биде сосема друг тим. Ние сме во добра позиција по првата половина на сезоната” – рече менаџерот на Арсенал. „Напредокот на Ливерпул е видлив. Пред три…

Read More

Една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигис, вели дека во тимот има нова енергија и победнички дух по ангажманот на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција. Норвежанецот кој своевремено настапуваше заедно со Гигс во дресот на „црвените ѓаволи“, успеа во две врзани кола да оствари максимален фект и да го врати тимот на победничките патеки. Јунајтед вчера славаше сигурно против Хадерсвилд. „Тоа беше прв домашен натпревар за Оле а дојде по позитивниот исхор на предходниот меч со Кардиф. Мислам дека сите со големо нетрпение го очекуваа натпреварот“ –  вели Гигс. „Погба беше одличен, Де Геа бранеше во голем  стил…

Read More

Двократната олимписка шампионка во скок со стап, Елена Исинбаева (Русија) која е воедно и член на комисијата на спортистите во Меѓународниот олимписки комитет, изјави дека сите во ИОК очекуваат Русија да успее до 31 декември да ги обезбеди сите документи за допинг што ги бара Светската анти-допинг агенција (ВАДА). „Според мое мислење, ситуацијата е критична. Јас сум член на комисијата на спортистите и сите мои колеги имаат добар однос со Русија и чекаат исполнувањето на условите на ВАДА. Сите велат дека ако тоа не се случи, ќе биде катастрофа. Верувај ми, тоа не се моите зборови туку зборовите на членовите…

Read More

Валтери Ботас и во новата сезона ќе биде во болидот на Мерцедес а првиот човек на екипата, Тото Волф, вели дека тоа е голема привилегија и дека Финецот ќе мора максимално да ја оправда довербата. „Во Формула 1 преживуваат само најдобрите. Тоа е брутален спорт во кој возачите мора да се докажуваат секоја година за да ги задржат нивните места во екипите. Тоа не е случај само со Ботас туку со сите инволвирани во спортот“ – вели Волф. „Во нашиот клуб може да биде активен само бестрашен возач. Ботас можеби имаше одредени пехови на патеките и затоа не ја оствари…

Read More

Македонската традиционална карате федерација денеска на посебна свеченост ги прогласи најдобрите за 2018 година во повеќе конкуренции. Кај сениорите признанието го доби Дејан Недев пред Аљоша Недев и Бојан Богдановиќ додека кај сениорките за најдобра е прогласена Јадранка Недева пред Емилија Јанчевска. Тренер на годината е  Атанас Василев  од Шихан Струмица додека во категоријата младинки/јуниорки наградата заврши во рацете на Мила Саздова, втора во рангирањето беше Берта Милевска. За најдобар ветеран е прогласен Ристо Сакалиев. Посебна награда за животно дело добија Венцислав Недев, – Претседател на МТКФ кој повеќе од 50 години е активен во каратето како и  Ѓорѓи Кузмановски…

Read More

Фудбалерите на Њукасл денеска ќе гостуваат кај фаворитот Ливерпул во рамките на 19 коло во Премиер лигата на Англија. Менаџерот на гостите, Рафа Бенитез, верува дека неговите избраници можат да направат изненадување. „Премногу е рано да го дефинираме Ливерпул како фаворит во првенството иако се гледа дека тие и Манчестер Сити се понапред од другите. Треба да се сконцентрираме“ вели шпанскиот тренер кој седеше на клупата на „црвените“ од 2004 до 2010 година „ Имаме прецизен план, кој ќе ни помогне да победиме. Ако се држиме до него, тие ќе мора да направат грешки. Ако го исполниме добро, тие ќе…

Read More

Поранешниот тенисер од САД, Андре Агаси, нагласи дека не се чувствувал пријатно додека му бил тренер на Новак Ѓоковиќ, бидејќи во тој период Србинот имаше катастрофални партии и го забележа најлошиот период во кариерата. „Новак ги слушаше советите, но, не веруваше дека е така. Тогаш и неговата физичка состојба ми претставуваше дополнителен проблем. Кога ќе видите дека не може да помогнете, најдобро е да се повлечете“ – изјави Агаси во последното интервју. Откако легендарниот тенисер го напушти стручниот тим на Ѓоковиќ, неговото место повторно го зазема Марјан Вајда. Веднаш потоа Ѓоковиќ влезе во победнички ритам и започна да напредува на…

Read More
NBA

Леброн Џејмс кој во текот на летото направи трансфер во Лос Анџелес Лејкерс, вели дека секогаш лобирал кај кошаркарите да го засилат тимот во кој тој настапува бидејќи тоа е сосема нормална работа во НБА лигата. „Не знам зошто е тоа повторно  актуелно. Не е ништо ново. Тоа е нормално. Од 2007 година се обидувам да доведам квалитетни играчи покрај мене. Често ме одбивале, но, неколкумина и позитивно ми одговариле на поканите и заедно дававме многу повеќе за тимовите за кои настапувавме“ – вели Џејмс. Неговиот тим по одиграни 33 средби во тековнава сезона има 19 победи и 14 порази…

Read More