Валтери Ботас и во новата сезона ќе биде во болидот на Мерцедес а првиот човек на екипата, Тото Волф, вели дека тоа е голема привилегија и дека Финецот ќе мора максимално да ја оправда довербата.
„Во Формула 1 преживуваат само најдобрите. Тоа е брутален спорт во кој возачите мора да се докажуваат секоја година за да ги задржат нивните места во екипите. Тоа не е случај само со Ботас туку со сите инволвирани во спортот“ – вели Волф.
„Во нашиот клуб може да биде активен само бестрашен возач. Ботас можеби имаше одредени пехови на патеките и затоа не ја оствари посакуваната цел. Некогаш е потребно малку и среќа за да се оствари успех“ – заврши првиот човек на Мерцедес.