Поранешниот возач во Формула 1, Марк Вебер, е загрижен од одлуката на Даниел Рикардо да го напушти Ред Бул и да замине во фабричката екипа на Рено.
Многумина беа изненадени од неговиот избор а во Ред Бул дури беа и шокирани. Вебер тогаш беше меѓу првите што изјавија дека Рикардо прави грешка.
„Моето мислење нема да се промени. Загрижен сум поради таа одлука. Луѓето сакаа тој да остане во Ред Бул. Разговарав со Даниел но, тој нема намера да се откаже“ – потенцирал Вебер.

