Сергеј Сироткин кој во 2018 година возеше за екипата на Вилијамс во Формула 1, посакува да пронајде нов тим и да се врати во така наречениот „циркус на тркала“.
Русинот имаше тешка дебитантска сезона со болидот на Вилијамс и освои само еден бод со што не ги задоволи вкусовите на челниците на тимот кои се ослободија и од неговиот минатогодишен колега, Ленс Строл.
„Сакам да се вратам во Формула 1.Икао мојот нареден ангажман ќе бидат трките на издржливост, постојано размислувам за Формула 1 конкуренцијата“ – потенцираше Сироткин.