Фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин, кој се повреди на дербито со Челзи, ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната, соопшти денеска лондонскиот клуб. Тој заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото што по автоматизам носи подолга пауза и процес на рехабилитација. Шпанецот кој неодамна се врати во тимот на Арсенал успеа да одигра само два меча пред да се соочи со новата голгота и најавеното долго отсуство. Белерин деновиве ќе мора да направи нови медицински прегледи а лекарите претпоставуваат дека операцијата ќе биде неизбежна.
Author: dino
Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин, во текот на денов треба да пристигне во Лондон и да го парафира договорот со Челзи. Ако се тече според очекувањата, искусниот фудбалер може да дебитира уште в четврток на реваншот со Тотенхем во рамките на полу-финалето во Лига купот на Англија. Иако се појавија информации дека Игуан нема право на настап бидејќи не бил пријавен за првиот меч на – „Вембли“, медиумите најавија дека Челзи ќе може да го пријави за возвратниот меч. Имено, „Daily Mail“, потсетува, дека пред 10 години Тотенхем непосредно пред реваншот со Барнли го ангажираше, Џермејн Дефо, кој веднаш потоа дебитираше …
Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, во континуитет добива прашања околу најавениот трансфер во редовите на Реал Мадрид. Во изминатото лето веднаш по Мундијалот во Русија, се појави информација дека Азар ќе замине на „Сантијаго Бернабе“, но, не се случи. „По Светското првенство навистина сакав да заминам, но, се одлучив да останам и не погрешив. Сега играм една од моите најдбри сезони. Реал Мадрид? Зошто не? Вие ме прашувате иако го знаете одговорот. Без Зидан Реал е друг тим, но, сепак е Реал Мадрид” – потенцираше Азар. Интернационалецот од Белгија кој ја реализира шестата сезона во дресот на „сините“ од Лондон,…
Кошаркарот од Словенија, Лука Дончич, се проби на втората позиција во НБА лигата кога станува збор за најмлад играч кој постигнал трипл-дабал ефект на еден натпревар. Тој на вчерашниот меч во дресот на Далас Маверикс против Милвоки постигна 18 кошеви имаше 11 скокови и 10 асистенции. Тој на вечната листа го помина легендарниот, Леброн Џејмс како и младата ѕвезда на ЛА лејкерс, Лонзо Бол. Пред него е само Маркел Фулц. Дончиќ споменатиот ефект го оствари со 19 години и 327 денови додека Фулц кој го држи рекордот, тоа го направи кога имаше 19 години и 317 дена.
Големата ѕвезда на шведскиот и европскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, имаше посебен совет за првиот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн. Популарниот Ибра го советува голгетерот на „спарси“ да го напушти тимот од Лондон доколку сака да види како се освојуваат значајните трофеи. „Кога бев во Англија видов како игра. Мислам дека е добар напаѓач. Играњето во голем клуб а не во просечен каков што е Тотенхем ќе ви овозможи да напредувате“ –изјави Ибрахимовиќ. „Мислам дека може да успее само ако замине, ако сака да победува мислам дека му е потребна промена. Тотенхем има одлична екипа и одличен тренер но, не е…
Швајцарецот, Роџер Федерер, откако го победи Тејлор Фриц од САД со 3-0 и се пласираше во осмина-финалето на Отвореното првенство на Австралија во тенис, изјави, дека заслужува да игра во ноќните термини поради годините што ги има. „Во моите години потребно ми е повеќе време да се загреам и да средам одредени работи. Понекогаш не гледам ден долго време. Во Дубаи на пример, сите мечеви се ноќни“ – изјави третиот тенисер на АТП листата. „Тука само ако играш добро ќе имаш мечеви во ноќните термини. Тоа се однесува на завршните три кола“ – вели Федерер.
Одличниот шпански голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој е обврзан со договор до 2020. година, ќе остане во тимот подолг период. Иако францускиот ПСЖ е подготвен да плати вистинско богатство за неговиот потпис, медиумите објавија дека Де Геа е подготвен да остане на „Олд Трафорд“ со нов договор вреден дури 400,000 фунти неделно. Чуварот на мрежата на англискиот тим имаше намера да го напушти тимот поради Жозе Мурињо, но, со доаѓањето на Солскјер работите дарстично се променија и тој сака да остане во тимот.
Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека нема информација дали клубот го договорил трансферот на Гонзало Игуаин, иако вчера се појавија веста дека Аргентинецот ќе биде ново засилување на лондончани. Шпекулациите велат дека напаѓачот треба да се активира на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч до крајот на сезоната а дури потоа лондончани ќе можат да ги откупат неговите права од Јувентус. „Не можам да ви помогнам околу Игуаин.Јас им кажав на одговорните во тимот какви засилувања ми требаат., Сега ме интересираат само натпреварите, не размислувам на ништо друго“ – изјави Сари.
ЕХФ го казни Вардар парично со 15.000 евра поради транспарентот – „Талант Петух“, кој беше истакнат на натпреварот против Кјелце одигран во ЛШ во СЦ Јане Сандански. Пораката со навредлива содржина беше упатена кон тренерот на полската екипа, Талант Душебајев, кој по мечот реагираше нервозно на прес-конференцијата. Дисциплинската комисија при ЕХФ наведе дека содржината на транспарентот ги крши принципите што ги сочинуваат основните вредности на спортот“ и дека Вардар го „толерирал навредливото и хомофобичното однесување во текот на натпреварот“.
Англиските фудбалски состави Ливерпул и Челзи, ќе се обидат да го ангажираат напаѓачот на италијанскиот Лацио, Чиро имобиле, објавија дел од медиумите на „Чизмата“. Италијанските медиуми додадоа дека претставниците на Ливерпул ќе го следат италијанскиот напаѓач на мечот со Наполи кој ќе се одигра во текот на викендот. Тимот на Јирген Клоп доколку сака да го ангажира Имобиле ќе мора да ја издржи трката со Челзи кој најави офанзива за потписот на искусниот голгетер. 28-годишниот Имобиле стана главен играч на лацијалите во последните неколку сезони откако на 112 натпревари успеа да постигне 80 голови.
