Author: dino

NBA

Кошаркарот, Ентони Дејвис, останува на ставот дека нема да го продолжи договорот со екипата на Њу Ореланс, потврди и неговиот агент задолжен за трансфери, Рич Пол. „Ентони сака да игра за тим со шампионски амбици. Тој е чесен во намерите и тоа јасно го кажа пред одговорните во клубот. Мислам дека треба да му дозволат да си замине бидејќи тоа е најдобрата опција за двете страни“ – изјави Пол. Дваесет и пет годишниот Дејвис  во тековнава сезона во НБА конкуренцијата има во просек по 29,3 поени, 13,3 скокови и 4 асистенции

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим не е фаворит за освојување на Лигата на шампионите иако со доаѓањето на Кристијано Роналдо, многумина ја гледаат „старата дама“ како главен конкурент за вредниот трофеј. „Никаде не е напишано дека сме супер фаворити во Лигата на шампионите. Тоа би било лудило. Ќе мора да бидеме многу внимателни против Атлетико Мадрид“ – вели искусниот тренер кој за мечот со Шпанците ќе го нема стандардниот дефанзивец Бонучи. „Во врска со повредите, не можете да размислувате со страв, не можете да знаете што ќе се случи. Го прифаќате неочекуваното и продолжувате…

Read More

Трикратниот освојувач на тениските Грен Слем турнири, Енди Мареј, мораше повторно да направи операција на колкот. 31 – годишниот Британец се определи на таков чекор иако лекарите му потенцираа дека нема да има подобрување по неговата здравствена состојба. „Имам метал во колкот. Се чувствувам како некој да ме тепал, но, се надевам дека ќе ми заврши болката“ – напиша Мареј на социјалната мрежа „Фејсбук“. Мареј бидејќи ќе мора да се рехабилитира подолг период, нема да се појави на турнирите во Марсеј, Монтреал и Дубаи.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Лестер, Клод Пуел, ги негираше шпекулациите дека клубот може да го замени Адриен Силва со играчот од средниот ред на Монако, Јури Тимелманс, објавија денеска медиумите во Англија. Според француските медиуми, пак, тренерот на екипата од „кнежевството“, Леонардо Жардим, инсистира да се направи таков договор и да го добие потписот на Силва. Неговиот тим се наоѓа во незавидна позиција на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок. Сепак, Пуел е категоричен дека не сака да се раздели со Силва. „Тимелманс е добар играч, но, ние го имаме Силва. Јас сум среќен што…

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, им даде совет на фудбалерите кои  главно ја греат клупата. Норвешкиот тренер успеа со одлична ротација во нападот да го извлече максимумот од Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд, Ентони Марсиал и Алексис Санчез. Откако Солскјер седна на клупата, „црвените ѓаволи“ имаат импресивна серија од осум победи во исто толку натпревари во сите конкуренции. „Досега, нема проблем, бидејќи нашите натпревари ги реализираме според планот. Играчите што седат на клупата мора да бидат трпеливи и максимално подготвени кога ќе добијат шанса на теренот. Менеџерот секогаш се соочува со фактот дека не може сите да ги…

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој се повреди на гостувањето кај  Еспањол и мораше да го напушти теренот уште во првиот дел, нема посериозна повреда на коленото, потврдија луѓето од „Сантијаго Бернабе“. Искусниот дефанзивец во текот на денов ќе оди на дополнителни лекарски прегледи кои треба да ја потврдат првичната проценка на лекарскиот тим на „кралевите“. Се претпоставува дека тренерот Солари ќе му даде одмор на капитенот и нема да го вклучи за куп натпреварот со Џирона, но, ќе го има в предвид за средбата со Алавес во Примера и против Ајакс во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалскиот состав Атлетико Мадрид објави дека Алваро Мората од денеска е нов играч на шпанскиот состав. Голгетерот кој беше земен на позајмица од англискиот Челзи, потпишал договор кој ќе биде активен до летото во 2020 година. „Се чувствувам среќен. Многу сум задоволен и горд што сум тука ” – потенцираше напаѓачот кој се врати во татковината. Мората први фудбалски чекори ги направи во jуниорската школа на Атлетико а потоа се пресели во Академијата на Реал Мадрид. На „Сантијаго Бернабе“ прв пат влезе во професионалните фудбалски води.

Read More

Луѓето од „Либерти Медиа“ ги демантираа тврдењата дека имаат тенденција да продаваат дел од акциите од Формула 1. Гласините тргнаа по веста која се појави во изданието Џон Вол стрит, кое прави анализа на финансиите и спортот. Според медиумот – „Либерти Глобал“ има тенденција да ги продава акциите од Ф1 и тоа по само три години откако влезе со голем капитал во шампионатот. Според статијата, Либерти ги проучува можностите да го намали учеството од повеќе аспекти кои вклучуваат сè – од целосна продажба до вметнување на уште партнери како косопственици. Веста експресно е демантирана од „Либерти Медиа“ со напомена дека…

Read More

Фудбалерот на Свонси, Лерој Фере, може да ја напушти фудбалска Англија и да се пресели во редовите на турскиот состав Фенербахче. Иако договорот на 29-годишниот Холанѓанец со тимот на Свонси истекува во летото пред нас, англичаните во текот на зимскиот трансфер период не сакаа да се разделат со капитенот. Фенербахче не се откажува од намерата да го анагажира и затоа планира да стори сé што е можно за да потпише договор со напаѓачот. Фере во тековнава сезона одигра 24 натпревари за Свонси на кои постигна 1 гол и направи 5 асистенции.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Барнли, Шон Диш, рече дека очекува тешко гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед кој игра фантастично под диригентската палка на Оле Гунар Солскјер. Мечот ќе биде одигран утре во рамките на 24-тиот круг на Премиер лигата. Домаќините победија во сите осум одиграни мечеви откако Норвешкиот тренер во претходниот месец го наследи Жозе Мурињо. „Мислам дека Солскјер им дава навистина поголема слобода на играчите. Тоа им донесе позитивна енергија и покажа дека тимот ги има сите потребни квалитети да забележи успех. Мислам дека во моментов играчите на Манчестер Јунајтед имаат многу поголема самодоверба и тоа се…

Read More