Во пресрет на денешните последни мечеви на светското првенство во ракомет кои ќе ги одредат носителите на медали имаме интересна ситуација.
Скандинавското финале во Хернинг од 17.30 часот меѓу Данска и Норвешка ќе биде реприза на мечот одигран на 17 јануари на истата локација во рамките на последното коло во групата „Ц“. Тогаш Данците успеаа да слават со 30 спрема 26 а судии беа нашите интернационалци, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Германија и Франција кои ќе се борат за бронзата од 14.30 часот во арената во Хернинг, имаа шанса да се сретнат на 15 јануара во групата „А“ во првата фаза на Мундијалот. Тогаш мечот заврши нерешено 25 спрема 25. Вчера во битката за 5 место Шведска успеа да ја совлада Хрватска со 34:28 додека селекцијата на Шпанија ја обезбеди седмата поцизија откако го совлада Египет со 36 спрема 31.