Екипата на Заубер објави дека официјалната презентација на новиот болид за 2019 година во Формула 1, ќе се одржи на првиот ден од пред-сезонските тестирања на патеката во шпанската Барселона.
Тоа ќе се случи една недела порано од вообичаениот термин што значи дека новиот автомобил на швајцарскиот тим ќе биде промовиран пред утринската сесија на 18-ти февруари. „Autosport“, објави дека веднаш потоа истото треба да го направат екипите на Хас и на Торо Росо.
Премиерата на автомобилот на Ферари Скудерија ќе биде на 15 февруари во седиште на тимот. Другите потврдени премиери се: Рено 12, Рапид Поинт на 13 и Мекларен на 14-ти февруари.