Author: dino

Младиот голман Дин Хедерсон кој се наоѓа на платниот список на Манчестер Јунајтед може да добие понуда од германскиот гигант Баерн Минхен. 21-годишниот чувар на мрежата кој игра како позајмен во редовите на Шефилд Јунајтед и импресионира со неговите партии на теренот, го привлече вниманието и на луѓето од  Јувентус, Арсенал и Тотенхем. Хендерсон во претходната сезона играше за третолигашкиот тим Шрузбери и беше избран во идеалниот тим на лигата. Големата надеж на англискиот фудбал во летото во 2018 година потпиша Манчестер Јунајтед и веднаш потоа беше испратен на позајмица во Шефилд Јунајтед.

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс, го продолжи договорот до 2023 година.  Тој од 2011-та игра на „Олд Трафорд“ откако беше купен од тимот на Блекбурн за 18 милиони евра. „Пресреќен сум што потпишав нов договор. Манчестер Јунајтед е голем дел од мојот живот. Мораме да се подготвиме за збиениот  распоред што не очекува“ – изјави Џонс. „Сакам да му се заблагодарам на раководството што ми овозможи да останам. Јас сум среќен во Јунајтед“ – потенцираше дефанзивниот фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул, стапиле во контакт со Мино Раиола, кој му е агент задолжен за трансфери на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Тренерот, на „црвените“, Јирген Клоп, го запишал италијанскиот репрезентативец на првото место на листата на посакувани трансфери во текот на летниот период. Германецот досега не најде добра замена за Филип Кутињо кој и беше продаден на Барселона во јануари во 2018 година. Задачата на Мино Раиола ќе биде да се поврзе со ексцентричниот бос на Наполи, Аурелио де Лаурентис и да издејствува трансфер на 27-годишниот напаѓач. Инсиње во дресот на Наполи има дадено 56 голови и направено…

Read More

Арсен Венгер кој по 22 години го напушти кормилото на Арсенал и речиси една година е без ангажман, повторно ќе се врати во фудбалот, најавија дел од медиумите во Британија. Според весникот – „Тајмс“, 66-годишниот стратег  нема да се врати во Премиер лигата и ќе прифати понуда од друга  држава. Засега се потенцираат имињата на Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид иако и францускиот ПСЖ сакаше да го ангажира, но, на функцијата спортски директор. Французинот кој може да доби понуда да води и репрезентација,  јавно посочил дека сака да остане само во клупскиот фудбал.  

Read More
NBA

Капитените на двата тима кои ќе го одиграат Ол-стар мечот, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, ги распоредија НБА кошаркарите во нивните екипи.  Бидејќи нема класична пресметка Запад- Исток,  тие само ги определија стартните петорки и резервите. Тимот на Леброн кој ќе го води тренерот, Мајкл Мелоун од Далас,  ќе започне со Дурент, Харден, Ирвинг и Ленард  додека резерви ќе бидат: Олдриџ, Дејвис, Лилард, Симонс, Томпсон, Бил, Таунс и Вејд. Во екипата на Адетокумбо која од клупата ќе ја води Мајк Баденхолцер (Милвоки), ќе стартуваат: Кари, Ембид, Џорџ и Вокер  додека на клупата ќе останат: Јокиќ, Вучевиќ, Лаури, Вестбрук, Расел, Мидлтон,…

Read More

Џани Инфантино и во наредните четири години ќе биде на чело на Светската фудбалска федерација откако остана без противник за неговата позиција. Тој е единствениот кој ги има потребните пет номинации што значи дека голем број од членовите на ФИФА ќе му ја дадат поддршката на изборното собрание на 5 јуни. Ќе потсетиме дека Инфантино во февруари во 2016 година ја презеде диригентската палка во ФИФА откако го наследи Сеп Блатер кој мораше да си замине по сите скандали што го поврзуваа со финансиски малверзации.

Read More

Нашите одбојкарски „Спартанци“ ќе добијат „засилување“ од страна на државата која ќе им обезбеди сала на ексклузивно користење, финансиски средства согласно законските прописи како и поголема промоција на одбојката. На таа тема разговараа на денешната средба првите луѓе на ОФМ и Премиерот Зоран Заев. „Покажавте одличен успех, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември годинава. Ќе ја имате поддршката од Владата“ – потенцираше меѓу другото Заев. Нашите одбојкари откако одлично ги одработија квалификациите, обезбедија место на континеталниот собир кој ќе…

Read More

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски, потпиша за фудбалскиот состав на Вардар. Неговиот договор ќе биде валиден до крајот на сезоната. „Мило ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“ – изјави Аврамовски за официјалниот сајт на Вардар. Тој досега настапувал за нашите состави Македонија Ѓорче Петров и Работнички,  потоа за Црвена Ѕвезда и Војводина (Србија) и словенечкиот тим Олимпија Љубљана. „Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се…

Read More

Екипата на Мерцедес во Формула 1, најави, дека новиот болид кој ќе биде промовиран на 13 февруари на патеката – „Силверстон“ ќе биде обоен во чудна комбинација. Тоа ќе се случи на само 5 денови пред почетокот на зимските тестирања во Барселона. Шампионскиот тим  на Мерцедес на официјалниот профил на – „Твитер“ објави слика на која се гледаат новите бои на предното крило.  Тие се во апстрактна комбинација на сина, зелена и црна со натпис – „Silver is so last season“ или во слободен превод значи дека сребреното беше во мода во изминатата сезона. Се претпоставува дека тие чудни бои…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат во текот на летото да ја прекинат соработката со играчот од дефанзивната линија, Шкодран Мустафи. На „Емирати” воопшто не се задоволни од настапот на Германецот посебно на дерби дуелот со Манчестер Сити. Во клубот процениле дека тој на ниту еден начин не ги оправдува големите 35 милиони фунти кои и беа платени на Валенсија за неговите услуги во 2016 година. Весникот –„Телеграф“, тврди, дека и менаџерот, Унаи Емери, дал дозвола фудбалерот да биде ставен на трансфер-листата. Германскиот репрезентативец за Арсенал има одиграно 96 натпревари во сите конкуренции.

Read More