Тимот на Вилијамс има нов спонзор во лицето на американската телеком компанија – „Rockit“ што значи дека Формула 1 екипата ќе се вика – „ROKiT Williams Racing“.
Сега ќе бидат променети и боите на болидот кои во последниве години беа со доминатна бела комбинација. Компанијата која произведува мобилни телефони планира да го промовира новиот „Android“ кои има „3D“ . Таа е спонзор на Хјустон Рокетс во НБА и Лос Анџелес во НФЛ.
Вилијамс денеска ги претстави само боите додека автомобилот – „FW42“ ќе може да се види за една недела само на патеката Каталуња кога ќе започнат вообичаените тестови в пресрет на новата сезона.