Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одиграат вториот натпревар од групната фаза во Купот на ЕХФ. Тие на домашен терен ќе го пречекаат унгарскиот состав Татабања. Битолчани на денешната пресметка ќе бидат без Дејан Пецаковски и Филип Чурлевски додека за противничкиот тим нема да настапи хрватскиот репрезентативен бек, Јаков Вранковиќ, кој претходно го пропушти и мечот со Нексе. Средбата меѓу Еурофарм работник и Татабања ќе започне во 19.00 часот. Вчера во нашата група Нексе го совлада Хановер со 29 спрема 25 и со максимални четири бодови го запоседна првото место. Германците имаат 2 бода додека нашиот тим и Tатабња…
Author: dino
Фудбалерот, Емилијано Сала кој трагично загина во авионска несреќа додека патуваше од Франција кон Англија за да направи трансфер од нант во редовите на Кардиф, беше погребан во родниот град во неговата татковина Аргентина. Тој беше кремиран откако заврши церемонијата во гратчето Прогресо во близина на Санта Фе. Голем број сограѓани, фанови, пријатели и членови на семејството се збогуваа со 28-годишниот фудбалер и му дадоа последна почит додека беше изнесуван ковчегот од клубот од неговото детство Атлетико и Сосијал Сан Мартин. На погребот присуствуваа менаџерот на Кардиф Нил Вернок и извршниот директор на англискиот клуб, Кен Чо.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, проценува дека доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на местото на Жозе Мурињо, значително ја подигнало атмосферата во клубот. Тој иако поради повреда не игра многу, сепак е задоволен со тоа што го прави норвешкиот тренер. „Мурињо е еден од најдобрите тренери на светот ако се земе в предвид како ги анализира видео материјалите како и со начинот на кој им пристапува на работите“ – рече Санчез кој во ерата на Португалецот размислуваше и да ги напушти „црвените ѓаволи“. „ Некое време не играв, па потоа играв и како играч ја губите самодовербата. Покрај тоа,…
Кошаркарот на Оклахома Сити, Хамиду Диало е победник на натпреварот во забивање на „Ол-стар“ викендот во Шарлот. Тој во финалната рунда славеше против Денис Смит, кој од четири обиди не успеа да го изведе замисленото забивање. Диало пред финалето изведе таканаречено „лакт забивање“, откако претходно го прелета легендарниот Шекил О’Нил облечен како супермен и доби пет „десетки“. Кошаркарот на Бруклин, Џо Харис е победник во натпреварот за тројки откако освои два бода повеќе Стеф Кари. На натпреварувањето во вештини титулата ја освои кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум. Тој во финалето го совлада фаворизираниот Тре Јанг од Атланта со кош од половина терен
Македонските скијачи денеска се појавија во квалификациските трки во слалом на Светското првенство што се реализира во Скандинавија во шведскиот зимски центар Оре. Само двајца од нашите четирите претставници успеаа да ги комплетираат денешни две трки. Дардан Дехари го освои 43-тото место а Виктор Петков беше 57-ми. Што се однесува до Лука Божиновски и Антонио Ристевски, тие не ја поминаа целта во второто возење.
Михаела Шифрин од САД влезе во историјата на Светските шампионати во алпско скијање откако во шведскиот зимски центар Оре победи во денешниот слалом и стана првата скијачка со четири златни медали во една иста дисциплина. Шифрин денeска се израдува и на третиот освоен медал на тековниот шампионат откако претходно победи во супер-велеслалом и успеа да го освои среброто во трката во велеслалом. Во денешната слаломска трка второто место и припадна на Ана Ларсон Свен од Шведска додека бронзата заврши на градите на Петра Влхова од Словачка.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, енергично застана во одбрана на капитенот, Серхио Рамос, кој намерно заработи жолт картон на мечот со Ајакс за да може да биде „чист“ за продолжението од сезоната во Лигата на шампионите. Дефанзивецот на „кралевите“ откако неговиот тим направи предност од 2:1, свесно влезе во бележникот на главниот судија а потоа јавно призна дека новинарите погрешно ја разбрале неговата изјава. Рамос за неговиот потег може да заработи и дополнителна казна од УЕФА. „Мислам дека Рамос даде објаснување дека морал да направи прекршок за жолт картон. Можеби неговата изјава изгледаше збунувачка, не знам како…
Ракометарите на Вардар останаа без бодови по денешниот меч Веспрем во групната фаза во Лигата на шампионите иако на полувремето има предност од 16:11 а во еден дел од мечот дојдоа и до плус шест. Гостите од Унгарија славеа со 29 спрема 27 благодарение на подобрата игра во вториот дел и во миговите кога се решаваше победникот. Стоилов постигна погодок за 27-28 на една минута до крајот а гостинскиот играч Терзиќ заработи исклучување. „Црвено-црните“ иако имаа човек плус на теренот не успеаа да го запрат нападот на гостите кои со голот на ветеранот Наѓ дојдоа до победа – 29 спрема…
Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, е прогласен за најдобар во Бундеслигата за месец јануари. 24-годишниот германски репрезентативец го заслужи признанието со одличните настапи на натпреварите против Хофенхајм (3:1) и Штутгарт (4:1). На тие два меча тој успеа да постигне три гола со што значително придонесе за победите на неговиот состав. Горецка сега е еден од најзначајните фудбалери во тимот на баварскиот гигант и затоа во континуитет ја има довербата на тренерот, Нико Ковач. Горецка од почетокот на дебитантската сезона за тимот од Минхен има постигнато 6 голови и направено 2 асистенции во натпреварите во Бундеслигата.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекува тежок натпревар со нисколигашот, Њупорт Каунти, во рамките на ФА Купот на Англија. Велшкиот клуб стигна до петтиот круг на најстариот фудбалски турнир на светов откако го елиминираше поранешниот шампион на Премиерлигата Лестер Сити а претходно беше подобар и од тимот на Мидлзборо. Токму тој ефект на Њупорт на некој начин влијае на размислувањето кај Гвардиола в пресрет на неделниот меч. „Њупорт направи неверојатни нешта на дуелите со Лестер и Мидлзборо. Знаеме дека не очекува тежок натпревар и ќе пристапиме максимално сериозно. Ние сме свесни дека ниту еден тим не смее…
