Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Арселан, Унаи Емери, потенцира дека Денис Суарез кој беше ангажиран на позајмица од Барселона, се уште не е подготвен да игра полни 90 минути. „Тој работи секојдневно и ја подобрува формата. Мислам дека за секоја адаптација е потребно време. Неговата самодоверба ќе се зголемува и полека ќе ги запознава соиграчите за време на тренинзите“ – вели Емери. „Знам дека не може да одигра максимално 90-ет минути бидејќи не е влезен во ритам. Има опција утре да биде стартер иако мислам дека пореално е да остане на клупата а потоа да помогне на теренот ” – рече…

Read More

Италијанката, Федерика Брињоне, триумфираше во денешната трка во алпска комбинација која се возеше на патеката во Кран Монтана и воедно се бодуваше за Светскиот шампионат во алпско скијање. Таа ја оствари деветтата победа во Светскиот куп и успеа веќе три години по ред да победи во комбинација на истата патека во Швјацарија. Брињоне водеше по спустот а во слаломот оствари време што и ја донесе прва позиција. Второто место денеска и припадна на Канаѓанката Рони Реми додека третото го обезбеди Венди Холденер.

Read More

Екипата на Априлиа денеска во Катар го претстави новиот мотор за престојната сезона во Гран При шампионатот.  Италијанскиот конструктор го прикажа новиот дизајн на моторот и тоа на само еден ден пред да започнат официјалните тестирања кој ќе траат до понеделник. Новиот мотор на  „Aprilia“ има повеќе црвени и црвени, зелени и жолти елементи. Ќе потсетиме дека во тимот дојде поранешниот пилот на Дукати, Андреа Јаноне кој ќе вози заедно со Алеш Еспергаро. Априлиа  во текот на зимската пауза ангажираше и нов менаџер. Станува збор за Масимо Ривола – поранешен шеф на академијата за млади возачи во Ферари. На тестирањето…

Read More

Французинот, Алексис Пинтуро, ја освои титулата во Светскиот куп во алпска комбинација. 27-годишниот скијач денеска на трката во Банско (Бугарија) направи предност од 0,68 стотинки во однос на седумкратниот шампион, Австриецот Марсел Хиршер. Третото место го освои  Словенецот, Штефан Хадалин. Што се однесува до Марко Шварц, кој му беше главен ривал на Пинтуро, тој се повреди во супер-џи и не настапи во слаломот. Пинтуро со денешната победа по петти пат му се израдува на малиот кристален глобус во алпска комбинација со што успеа да го изедначи рекордот на Норвежанецот, Кјетил Андре Омот. Во генералниот пласман во алспко скијање,  Хиршер е…

Read More

Брејк-денсинг, спортско качување, скејт-бординг и сурфањето, најверојатно ќе бидат вклучени од страна на Интернационалниот Олимписки Комитет како дополнителни спортови на Олимписките игри во Париз во 2024 година. За сметка на нив, Французите не се заинтересирани за каратето, по што оваа спортска дисциплина ќе има многу краток век на учество на Олимпијадите. Според последните информации потврдени и од првите луѓе на светското карате, Токио 2020 година ќе бидат (засега) единствените Игри на кои каратето ќе влез ево официјалната конкуренција. Четирите нови спортови кои може да се вметнат на Игрите во главниот град на Франција, ќе чекаат да добијат одобрување од (ИОК).…

Read More

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, наметна дилема дали по завршување на тековнава сезона ќе остане во редовите на „црвено-црните“.Т ој во последното интервју дадено за  клупската телевизија, потенцира, дека нема конкретен план каде ќе настапува во иднина. Хрватскиот интернационалец, потенцирал, дека Вардарци иако се во драстично променет состав од претходните години, не смеат да се отпишат од трката за титулата во Лигата на шампионите. „Кога бевме шампиони не бевме многу силни, но, сите беа проверени играчи. И денеска имаме фонд на ракометари што може да одработат. Во 2017 видовме дека се може да се случи“ – издвои Карачиќ во интервјуто за…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. Мечот со домаќинот Романија ќе го реализираме во салата во Плоешти. Селекторот, Јорданчо Давитков, иако пред решавачкиот меч за првото место во групата се соочува со одредени проблеми во ростерот, вели, дека неговите избраници нема да калкулираат и дека ќе одат на победа на теренот на противникот. Познато е дека во првиот меч Македонија победи со 14 кошеви разлика што значи дека покрај победа, на нашите репрезентативци денеска против Романија ќе им одговара и пораз до 14 кошеви за да ја исполнат целта и…

Read More
NBA

Некогашниот кошаркар, Скоти Пипен, кој остави посебен печат во НБА лигата, вели дека  сегашниот тим на Лос Анџелес Лејкерс предводен од Леброн Џејмс, може да ја освои титулата само ако го има на клупата легендарниот тренер, Фил Џексон. „Езерџиите“ се на  десеттото место на Западот со ефект од 28 победи и 29 порази  што значи дека ќе имаат тешка задача да дојдат до осмата позиција која обезбедува место во разигрувањето. Многумина проценуваат дека сегашниот тренер, Лук Волтон, нема капацитет да го однесе тимот до посакуваната титула во најсилната лига на светот. Меѓу нив влегува и Пипен кој иако го почитува…

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Џорџо Кијелини, вели дека неговиот тим не успеал да го  неутрализира најсилното оружје на Атлетико Мадрид во првата пресметка во 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите. „ Понекогаш инцидентните ситуации можат да го решат мечот. Знаевме дека тие се многу опасни по прекините и во дуел играта и затоа требаше да  бидеме многу пофокусирани. Сега мора да се рестартираме и да направиме пресврт во реваншот во Торино“ – вели ветеранот на Јуве. „Поразот од 2-0 е тежок за нас, но, верувам дека добро ќе се подготвиме за реваншот и дека ќе дадеме се од…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, потенцира дека неговиот тим непотребно ја искомпликувал работата на вчерашното гостување кај Шалке во првиот елиминациски меч во Лигата на фудбалските шампиони. Англичаните славеа со преврт 3:2 иако по првиот дел домаќинот имаше водство од 2:1. „Од време на време ние самите си ги компликуваме животите. Задоволен сим бидејќи сите делувавме како еден и кога бевме со играч помалку на теренот“ – изјави голгетерот на „граѓаните“. „Мислам дека одигравме според планот и дека заслужено остваривме голема победа“ – потенцираше Стерлинг кој со постигнатиот  гол во последната минута донесе голема победа за неговиот тим на…

Read More