Екипата на Априлиа денеска во Катар го претстави новиот мотор за престојната сезона во Гран При шампионатот. Италијанскиот конструктор го прикажа новиот дизајн на моторот и тоа на само еден ден пред да започнат официјалните тестирања кој ќе траат до понеделник.
Новиот мотор на „Aprilia“ има повеќе црвени и црвени, зелени и жолти елементи. Ќе потсетиме дека во тимот дојде поранешниот пилот на Дукати, Андреа Јаноне кој ќе вози заедно со Алеш Еспергаро.
Априлиа во текот на зимската пауза ангажираше и нов менаџер. Станува збор за Масимо Ривола – поранешен шеф на академијата за млади возачи во Ферари. На тестирањето во Катар ќе се појави и резервниот возач на тимот, Бредли Смит.