Италијанката, Федерика Брињоне, триумфираше во денешната трка во алпска комбинација која се возеше на патеката во Кран Монтана и воедно се бодуваше за Светскиот шампионат во алпско скијање.
Таа ја оствари деветтата победа во Светскиот куп и успеа веќе три години по ред да победи во комбинација на истата патека во Швјацарија. Брињоне водеше по спустот а во слаломот оствари време што и ја донесе прва позиција.
Второто место денеска и припадна на Канаѓанката Рони Реми додека третото го обезбеди Венди Холденер.