Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, пред утрешниот реванш против Ајакс во 1 /8 финалето во Лигата на шампионите, вели дека не е загрижен околу шпекулациите поврзани со негово евентуално заминување од редовите на европскиот првак. „Реал секогаш имал повеќе кандидати од Џулија Робертс, тоа е нормално, не се грижам за тоа. Кристијано е жива историја во клубот а неговите успеси се гледаат преку трофеите“ – потенцираше Солари. „Точно е дека имавме премногу шанси на последните средби. Мислам дека во иднина мораме да ги реализираме. Тимскиот дух е одличен, не се откажуваме од титулата во Ла Лига иако…

Read More

Скијачот од Италија, Доминик Парис успеа да го освои првото место во денешниот спуст кој беше реализиран во рамките на светскиот куп во алспко скијање во норвешкиот зимски центар Квитфилд. Тој патеката ја помина за 1.45.74 минути со што го остави на второто место Бет Фојц од Швајцарија кој заостана 25 стотинки и трето пласираниот Матијас Мајер Австрија кој имаше за 37 стотинки послабо време од победникот. Фојц со 500 поени е лидер во рангирањето во спуст, втор е Парис со 420  додека третото место го има Австриецот, Винсент Крихмајер со 294 поени. Во генералниот пласман во светскиот куп во…

Read More

Хрватскиот ракометен репрезентативец, Лука Циндриќ, ќе добие понуда од ПСЖ во висина од 4 милиони евра, објави денеска – „Вечерњи лист“ . Според наведеното, францускиот состав кој го предводи поранешниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез, подготвил неверојатна понуда која не се одбива. Доколку Циндриќ навистина замине во Париз, тогаш би станал најплатениот ракометар во светот и воедно би го соборил рекордот за најскап трансфер кој го држи Никола Карабатиќ. Ќе потсетиме дека ПСЖ во 2015 година плати за репрезентативецот на Франција големи 2 милиона евра. Сега во секој случај на потег е раководството на полскиот состав Киелце кое најверојатно сериозно…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека Давид де Геа е најдoбриот голман на светот. Шпанскиот чувар на мрежата неодамна одби да потпише нов договор бидејќи не е задоволен од понудените финансики услови со што наметна дилема дали и понатаму ќе остане на „Олд Трафорд“. „Ние го имаме најдобриот голман кој е многу скромен и полн со самодоверба. Многу сум благодарен на тоа што го имаме“ – вели норвешкиот тренер. „Во нашите редови ги имаме и Ромеро и Грант што значи дека нашиот голмански состав е одличен. Мораме да бидеме задоволни со тоа што го имаме“ –  вели Солскјер…

Read More

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да го пропушти денешното фудбалско „Ел-класико“ против Барселона закажано во рамките на новото коло во шампионатот на Шпанија. Весникот – „Марка“ денеска пишува дека дефанзивецот кој во средата на мечот со Каталонците одигран во рамките на Купот имаше непријатен судир со Касемиро, повторно се соочува старите проблеми со коленото. Медицинскиот тим на „кралевите“ се обидува да ја санира повредата, но, според проценките, мали се шансите Рамос да биде на теренот. Тренерот Солари сега се соочува со големи проблеми во дефанзивата бидејќи стандардниот Начо е повреден а Рафаел Варан е суспендиран. Ако кон нив…

Read More

Ракометарите на Вардар денеска од 17.30 во СЦ Јане Сандански ќе го пречекаат составот на Монтпелје во рамките на последната рунда во фазата по групи во Лигата на шампионите. Ако „црвено-црните“ успеат да направат пол погодок а Васпрем загуби кај Киелце, тогаш нашиот  состав ќе биде втор во групата „А“ што значи дека во разигрувањето во возвратниот дуел ќе ја има предноста на домашниот терен . Стратегот, Роберто Гарсија Парондо, за деншниот меч остана без еден од најдобрите ракометари Вуко Борозан кој се жали на болки во коленото.Во другите денешни дуели во ракометната елита на стариот континент ќе играат: Барселона-Рајн…

Read More

Екипата на Барселона денеска ќе му биде домаќин на Реал Мадрид во кошаркарското ЕЛ –класико. Каталонците ќе ја искористат големата пресметка да го реализираат свечениот чин кога ќе го повлечат од употреба дресот со бројот 11 кој го носеше легендарниот Хуан Карлос Наваро. 38-годишниот ветеран се повлече од кошарката на крајот на претходната сезона откако помина една година во НБА лигата во екипата на Мемфис. Наваро е играч број еден во тимот на Барселона според остварениот ефект за три поени и во Евролигата. Тој со Барса освои вкупно 35 трофеи на клупско ниво а има и десетина медали со националниот…

Read More

Нашата гимнастичарка, Илина Соколовска, која живее во Германија, успеа го освои второто место на републичкиот натпревар кој се одржа во Гитерслог. 12 годишната Илина во изминатиот месец на првиот собир освои  златен медал а сега се накити со сребро. „Беше фантастична, имаше настап со три елементи,  со јаже, чунови и тркало. Илина имаше многу добар настап а првото место и избега за нецел поен. Победничката има 15 години и настапува во истиот клуб со Илина“  – објавија локалните  медиуми во Германија. Малата Илина  која е еден од најголемите таленти по ритмичка гимнастика во Германија, досега има освојувано многу златни пехари.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн (Минхен), Нико Ковач, го критикуваше дефанзивецот Рафиња кој се пожали дека не добива доволна минутажа на теренот. Бразилецот иако ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, сака да биде дел од плановите на Ковач. „Не треба да се критикува клубот и соиграчите јавно, ниту пак, тренерот. Нормално е да има разочарување кога некој игра помалку” – изјави тренерот на Баварците. Рафина во досегашниот дел од сезоната има одиграно 10 натпревари и постигнато 1 гол во Бундеслигата. Тимот од Минхен в сабота ќе гостува кај Борусија (Менхенгладбах) во еден од најтешките натпревари до крајот на…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Педро, вели дека нема раздор во редовите на „сините“ иако конфликтот меѓу тренерот Маурицио Сари и голманот Кепа во финале од лига-купот на Англија остави лош впечаток за тимот. „Ние сме единствени на теренот, читав дека има некакви поделби, но, тоа не е вистина. Сите му даваме поддршка на нашиот тренер“ – потенцираше интернационалецот од Шпанија. „Сите заедно ќе се обидеме да излеземе од кризата и да се вратиме на победничките патеки. Тренерот секогаш го има последниот збот и ние тоа максимално го почитуваме“ – нагласи напаѓачот на Челзи.

Read More