Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, заработи само парична казна од УЕФА за неговиот непримерен гест на првата пресметка со Јувентус одиграна во Шпанија во елиминацискиот дел од Лигата на шампионите. Аргентинскиот стратег откако неговиот тим успеа да постигне водечки гол се фати за препоните и се заврте кон гледалиштето. Тој миг што беше уловен како од камерите така и од објективите, остана непријавен од страна на судиите. Сепак, УЕФА реши да го казни Симеоне парично со 20.000 евра врз основа на видео-снимката..Тоа значи дека тренерот на Атлетико Мадрид ќе може да седи на клупата на реваншот со…
Author: dino
Tренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон, наскоро ќе добие отказ бидејќи не ги исполни очекувањата на управата. Неговиот тим иако беше засилен во текот на летото со најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс, има лош ефект во сезоната од 30 победи и дури 36 порази. За Лејкерси постои само теоретска шанса да продолжи да се бори за титулата. Прашање е дали воопшто ќе успее да обезбеди место во елиминациската фаза. Медиумите објавија дека поранешниот играч на „езерџиите“ Тајрон Лу кој со Кливленд во 2016 година ја освои НБА лигата, има реални шанси да го наследи Волтон
Најскапиот светски фудбалер Нејмар и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, по вчерашната елиминација од Манчестер Јунајтед во ЛШ, направиле инциденти во тунелот и соблекувалните. Тие биле гневни за досудениот пенал во самиот финиш кој им овозможи на англичаните да слават со 3 спрема 1 и да го продолжат престојот во фудбалската елита на страиот континент. Според наведеното, Нејмар сакал да ги тепа судиите, но, за среќа реагирало обезбедувањето додека Ал Келаифи успеал да стигне до судиската соблекувална и таму да ја скрши вратата. Двајцата најверојатно ќе бидат ставени на тапет во УЕФА и набрзо треба да се очекува нивно…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Дани Карвахал, по вчерашната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите, признава дека сезоната за „кралскиот„ клуб е речиси завршена. „Ние загубивме се за краток период а тоа се случи токму на нашиот терен. Ајакс беше подобар од нас, ја заслужи победата, ние не го одигравме мечот како што знаеме и умееме. Тоа дојде по двата пораза во серија од Барселона“ – вели Карвахал. „Ние ќе продолжиме да се бориме и да бидеме професионалци иако сезоната за нас е готова, не можеме да го криеме тој факт, едноставно не можам да го објаснам тоа…
Српскиот фудбалски репрезентативец, Душан Тадиќ, имаше блескава партија на вчерашниот реванш со Реал Мадрид во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Играчот на Ајакс постигна еден гол а направи и две асистенции што беше доволно да добие чиста десетка од страна на – „Ле Екип“. Холанѓаните со убедлив триумф од 4:1 дојдоа до вкупна позитива од 5-3 и продолжија во 1 /4 финалето во фудбалската елита на Стариот континент. „Го елиминиравме најдобриот клуб на светот. Многу сум горд, тоа не може да се опише со зборови“ – потенцираше Тадиќ.
Фудбалерите на Реал Мадрид вчера доживеаа елиминација во Лигата на шампионите откако загубија на домашен терен од Ајакс со 4 спрема 1. Холанѓаните со тој триумф ја анулираа негативата од првиот меч кога загубија со 2:1. Играчот на Шпанците, Тони Крос, даде објаснување за целата ситуација во која се наоѓаат „кралевите“ кои сезоната ќе ја завршат без трофеј. Имено, тие ја загубија трката за титулата во Примера а неодамна беа елиминирани од Барселона во Кралскиот Куп. „Имаме добра екипа но, да бидам искрен не игравме добро. Сега ја загубивме и последната шанса да освоиме барем еден трофеј и тоа е…
Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, поради конфликтот со судијата Мајк Дин по крајот на дуелот со Барнли кога неговиот состав загуби со 2:1, заработи казна од два меча од страна на Фудбалската асоцијација на Англија. Тоа значи дека Аргентинецот нема да го води тимот од клупата во дуелите со Саутeмптон и Ливерпул. Почетино е казнет и парично со 10 000 фунти. Самиот тренер призна по натпреварот дека ја поминал границата и веднаш му се извини јавно на Мајк Дин. По инцидентот ФА го определи Дин да биде четврти судија на дербито меѓу Челзи и Тотенхем, иако тој беше…
Фудбалерите на Борусија Дортмунд вчера загубија на домашен терен од Тотенхем со 1 спрема 0 и со вкупна негатива од 4-0, се елиминирани во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Лусиен Фавр, стратегот на „милионерите“ призна, дека неговиот состав практично немал шанси во реваншот откако претрпе пораз на првиот меч во Лондон со 3 спрема 0. „Да, сега загубивме со 1:0, но, нашиот главен пораз беше во првиот меч .Немавме многу шанси да продолжиме понатаму. Им благодарам на навивачите кои не поддржуваа до крај. Имавме многу гол шанси во првиот дел и две добри ситуации во вториот. Едноставо топката не сакаше“…
Фудбалерите на Академија Пандев денеска ќе го пречекаат составот на Победа во првата средба од полу-финалето во фудбалскиот Куп на Македонија. Прилепчани се во голема криза од секој аспект а тоа кулминираше и со вчерашното отсуство на тренерот Јане Николовски кој не се појави на вообичаениот тренинг. Натпреварот меѓу Академија Пандев и Победа кој ќе биде одигран денеска на стадионот „Младост” во Струмица со почеток во 14 часот ќе го суди Јосип Бартон од Скопје. Реваншот е закажан за 10 април. Во втората полу-финална пресметка Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Беласица со 1 спрема 0.
Петкратниот олимписки шампион во Бијатлон, Мартен Фуркад, ќе учествува во мешаната штафета на Франција (2 по 6 километри жени и 2 по 7,5 километри мажи), со која на 7 март ќе стартува Светското првенство во Остерсунд (Шведска). За него тоа ќе биде првиот официјален настап од крајот на јануари откако ја надмина болеста. Заедно со Фуркад во штафетата на Франција ќе бидат Симон Дестро, Жули Симон и Ана Шевалие. Од списокот отпадна Ана Бескон која нема да патува за Скандинавија. Олимписката шампионка во мешани штафети која има и две бронзени медали од Игрите во Пјон Чанг, се сочува со вирус…
