Брејк-денсинг, спортско качување, скејт-бординг и сурфањето, најверојатно ќе бидат вклучени од страна на Интернационалниот Олимписки Комитет како дополнителни спортови на Олимписките игри во Париз во 2024 година. За сметка на нив, Французите не се заинтересирани за каратето, по што оваа спортска дисциплина ќе има многу краток век на учество на Олимпијадите.
Според последните информации потврдени и од првите луѓе на светското карате, Токио 2020 година ќе бидат (засега) единствените Игри на кои каратето ќе влез ево официјалната конкуренција.
Четирите нови спортови кои може да се вметнат на Игрите во главниот град на Франција, ќе чекаат да добијат одобрување од (ИОК). „Breakdancing“ прв пат се споменува во програмата за Летните олимписки игри додека спортското качување, скејт-бордингот и сурфањето, беа додадени како дополнителни спортови за Токио 2020 .
Официјални лица од Франција потенцираат дека вкупно 248 спортисти ќе се појават во четирите спортови предложени од организаторите.