Author: dino

Рускиот возач, Микаил Алешин, проценува дека неговиот сонародник, Даниил Квјат, би можел да го замени Пјер Гасли во Ред Бул доколку французинот не покаже подобар квалитет на патеката.Проценката на Алешин доаѓа по првата сезонска трка во Формула 1 реализирана во Австралија кога Гасли покажа разочарувачко возење додека Квајт успеа да освои поен за Торо Росо. „Не може да се процени зошто Гасли имаше толку лошо возење. Доколку Квајт продолжи во добар ритам тогаш може да се случи промена“ – вели Алешин. „Торо Росо ја нема силата на Ред Бул или Ферари, но, верувам дека ако немаат технички проблеми ќе може…

Read More
NBA

Џејсон Кид, кој остави посебен белег во најсилната кошаркарска лига на светов –НБА, може да биде кандидат за тренерската позиција во Лос Анџелес Лејкерс. Според – „ЕСПН“, „езерџиите“ кои не обезбедија место во плеј-офот, сериозно размислуваат за назначување на Кид за нов предводник. Тоа значи дека сегашниот тренер, Лук Волтон, набрзо може да добие отказ бидејќи не ги исполни очекувањата на челнциите иако ја има на располагање големата ѕвезда на НБА, Леброн Џејмс. Покрај името на Кид како можен наследник на Волтон се споменува и Тајрон Лу, кој пред неколку сезони токму со Леброн го освои шампионскиот пехар. Џејсон Кид…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема намера да остане во редовите на „црвените ѓаволи“, пишуваат денеска медиумите во Франција. Според нив, репрезентативецот на „галските петли“ сака да направи трансфер во Реал Мадрид. Токму неговата изјава додека има пауза во шампионатите дека сон на секој играч е да настапи за Реал Мадрид, само ги зголемува шпекулациите околу неговата иднина. Бидејќи Погба има договор со англискиот тим до 2021 година, секој состав што ќе сака да го обезбеди неговиот потпис ќе треба да плати голема сума.

Read More

Перо Антиќ, поранешниот капитен на нашата кошаркарска репрезентација беше поставен за претседател на Олимпискиот совет. Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет му додели исклучително одговорна функција на Антиќ кој неодамна беше избран и за член на Собранието на МОК. Антиќ ќе има задача да работи на развој и омасовувањето на олимпиското движење и популаризација на спортот во нашава земја.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромел Лукаку, откри дека многу научил од Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ,  додека заедно со настапуваа за екипата од  – „Олд Трафорд“. „Се што дознав од Златан беше фантастично. Ги слушав неговите приказни за начинот на работа во Интер, Барселона, па дури и во Ајакс. Се виде дека има навистина голем натпреварувачки дух“ – вели интернациоанелцот од Белгија. „Се сеќавам дека на една тренинг сесија тој стартуваше многу агресивно врз мене, тогаш видов дека тој е човек што сака да се натпреварува и да се бори за неговото место. Тоа ме промени. Тоа ми ги отвори…

Read More

Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, нема намера да ја прекине соработката со Маурицио Сари пред да заврши сезоната иако деновиве се појавија одредени шпекулации дека Италијанецот ќе биде ослободен од обврските додека трае паузата во првенството поради настапите на националните тимови. Според наводите,  луѓето Челзи одлучиле дека не е дојден вистинскиот момент за рокади иако лондончани се влезени во лоша резултатска серија. „Сан“ наведува дека тренерот Маурицио Сари сепак може да биде отпуштен доколку Челзи испадне од Лига Европа или остане без шанси да се бори за четвртото место во Премиерлигата.

Read More

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клејбурн, добил закана по пат на социјалните мрежи откако неговиот тим успеа да го совлада турскиот Фенербахче во Евролигата. Американецот кој беше најефикасен во таборот на рускиот тим со 16 постигнати поени, обелоденил дека на профилот на неговата сопруга на социјалните мрежи пристигна заканувачка порака. -Пренеси му на твојот сопруг дека ќе биде убиен за три дена. Со сета должна почит, семејство Чакирбејли. Да, во Русија сме и тргнавме по него. Ти и твоето семејство ќе бидете сигурни, но, на Клејбурн не му останува уште многу од животот“ – стои во пораката. Клејбурн јавно побарал од…

Read More

Тенискиот сојуз на Франција денеска објави дека наградниот фонд на вториот сезонски Грен слем тениски турнир во Париз ќе се зголеми за 4,55% во однос на претходната година. Тоа значи дека шампионите во машка и женска конкуренција ќе инкасираат 2,3 милиони евра додека финалистите ќе заработат 1,18 милиони, што е за 5,36% повеќе од 2018 година. Шампионите во машка и во женска конкуренција во двојки ќе добијат по 580.000 евра а финалистите по 290.000 или за 3,5% повеќе од досегашната сума. Отвореното тениско првенство на Франција ќе започне на 26 мај а ќе заврши на 9 јуни. Во претходната сезона титулите…

Read More

Европската куќа на фудбалот издаде соопштение во кое се вели дека го обвинува Неимар за – „навредливи дејства против официјалните лица”. Како што е познато, фудбалерот од Бразил објави пост на Инстаграм насочен против судиите на мечот меѓу неговиот ПСЖ и Манчестер Јунајтед кој заврши со победа на Англичаните од 3:1 и елиминација на Французите од Лигата на шампионите. Играчот на „светците“ веднаш по средбата во Париз упати вулгарности кон судиите поради досудениот пенал во дополнителното време откако беше искористена и ВАР-техологиката.  „ Тоа е срам, оставија 4-ца луѓе што не разбираат ништо од фудбалот да ги гледаат снимките на…

Read More

УЕФА го казни напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, со 20.000 евра за непристојниот гест што го направи на мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Португалецот тогаш постигнаа хет-трик за победата на Јуве со 3:0  со што го однесе неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По натпреварот, Роналдо ја прослави победата со непристоен гест кој претходно го направи и тренерот на Шпанците, Диего Симеоне и тоа на првиот меч кога неговиот тим славеше со 2:0. И тој беше казнет само парично со истата сума. Со денешната одлука на дисциплинската комисија, Роналдо ќе треба да плати само парична…

Read More