Author: dino

Во 88 година од животот почина доајенот на македонското спортско новинарство Ивко Панговски кој речиси половина век ги пренесуваше највозбудливите спортски настани на Радио Скопје. Панговски имаше многу посебни моменти во неговата новинарска кариера меѓу кои се издвојуваат првиот пливачки маратон во Охрид во 1962 година, потоа најтажниот пренос на Вардар веднаш по земјотресот во Скопје. Тој 30 години беше и стенограф на Тито и присуствуваше на разни затворени седници во владата на СФРЈ. Панговски известуваше од повеќе европски и светски првенства како и од Олимписките игри. Тој е добитник и на „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија како…

Read More

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончич,  не сака да полемизира кој треба да ја добие наградата за најдобар дебитант во НБА лигата. Според медиумите, во најтесна конкуренција се токму играчот на Маверикс и плејмејкерот на Атланта Хоукс, Тре Јанг. „Да се биде најдобар дебитант е значајно, но, постојат и други работи кои треба да се направат. Сезоната во НБА е навистина долга и ќе има уште многу коментари на темата, но, јас не сум заинтересиран“  – вели Дончич. Интернационалецот од Словенија во дебитантската сезона има во просек по 21 кош на натпревар,  7,6 скокови и 5,8 асистенции.

Read More

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, се осврна на неговите партии во репрезентативниот дрес. 26-годишниот фудбалер на досегашните 79 мечеви успеа да постигне 45 голови за неговата селекција. „Луѓето некогаш ме прашуваат дали влегувам меѓу тројцата најдобри белгијски напаѓачи во историјата. Јас велам дека сум најдобриот во историјата, јас  сум најдобриот стрелец“ – потенцирал корпулентниот голгетер. Лукаку со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед, драстично ја подобри формата исе врати во голгетерски ритам и во Премиер конкуренцијата.  

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, ветил дека ќе му обезбеди на новиот тренер, Зинедин Зидан, околу 500-ни милиони евра за засилување во текот на летото. Бидејќи „кралевите“ имаат разочарувачка сезона во која ќе останат без трофеј, потегот на Перез е сосема очекуван.  Угледниот француски Л’екип тврди, дека Зизу ќе добие голема сума за да направи ремонт во екипата. Тука во преден план се наметнуваат имињата на  Еден Азар, Килијан Мбапе и Пол Погба. Неодамна излезе и веста дека во радарот на Реал влегуваат и Садио Мане од Ливерпул и членот на Јуве, Миралем Пјаниќ.

Read More

Нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, во текот на летото најверојатно ќе го напушти турскиот состав Фенербахче откако и италиајнската Фиорентина се вклучи во трката за неговиот потпис. Имено, скаутите на калчо-лигашот ги следеле настапите на Елмас за македонската репрезентација по што била донесена одлука да се испрати и официјална понуда за неговиот потис во висина од 15 милиони евра. Претходно имаше одредени вести дека за македонскиот играч се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Лион… итн.

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, се опоравил од  фрактурата на левата нога, соопшти прес-службата на „црвените“. 21-годишниот англичанец  се вратил во тренинг процес и може да му се стави на располагање на тренерот Клоп.  Гомез се повреди во декември во 2018 година на мечот со Барнли одигран во 15-то коло во Премиер лигата и од тогаш се појави на теренот. Првично беше проценето дека неговата рехабилитација ќе трае само две до три недели, но, очигледно проблемот беше покомплексен и тој мораше да паузира многу подолг период. Ливерпул на 31 март го очекува дербито со Тотенхем во рамките на 32-тата рунда…

Read More

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ја прифати промената на нашето име и од денеска ќе не води под името Олимписки Комитет на Северна Македонија. -Извршниот комитет на ИОК е информиран дека промената на името на БЈР Македонија во Република Северна Македонија формално стапи на сила на 14 февруари 2019 година. Како резултат на тоа, името на националниот олимписки комитет ќе биде променето од Олимписки комитет на БЈР Македонија во Олимписки комитет на Северна Македонија“ – потврдуваат од ИОК. Промената во ИОК најверојатно ќе биде поттик и за другите меѓународни спортски федерации што значи дека набрзо името Северна Македонија ќе се користи…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцирал дека му се допаѓа стилот на игра на крилото на Фиорентина, Федерико Киеза. 21-годишниот фудбалер има постигано 7 голови во 28 мечеви во Серија А во тековнава сезона. Неговите добри игри го привлекоа вниманието на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи. Се проценува дека фудбалерот на „виолетовите“ влегува во трансферните планови и на Јувентус, Милан и Баерн. Јирген Клоп, наводно имал разговори со шефовите на клубот од „Енфилд“ и јасно им укажал дека треба да направат напор да го обезбедат потписот на Федерико Киеза. Се верува дека понудата од 70 до 90 милиони фунти…

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Вест Хем  подготвуваат понуда за играч од средниот ред на Њукасл, Џон Шелви. Според информациите, „чеканите“  имаат намера да понудат околу 20 милиони фунти за гологлавиот фудбалер што според медиумите треба да ги задоволи челните луѓе на Њукасл. Екипата на Вест Хем уште во текот на зимскиот трансфер период најави дека сака да го ангажира Шелви, но, тогаш не испрати конкретна понуда за 27-годишниот играч. Во исто време, тренерот на Њукасл, Рафа Бенитез, нема намера да се раздели со Шелви доколку не му се обезбеди соодветна замена.

Read More

Скаутите на фудбалскиот состав Милан ги следат интензивно настапите на младиот, Серж Гнабри, кој настапува за германскиот состав Баерн Минхен, соопштува денеска –„Corriere dello Sport“. Претставниците на „росонерите” деновиве биле забележани како ги следат настапите на репрезентативецот на Германија во евро-квалификациите. Тие го гледале мечот меѓу Холандија и Германија кој им припадна на „панцирите“ со 3:2.  Изданието наведува дека Гнабри ќе биде многу корисен за Милан бидејќи може да игра како на крилната позиција така и во средината на теренот. Евентуалниот договор меѓу Милан и Баерн Минхен може да биде финансиран со продажбата на Хакан Чалханоолу и Сусо. Гнабри во…

Read More