Популарното Авто-Мото Рели – Дакар, од 2020 година ќе се пресели на Блискиот Исток и во наредните 5 сезони ќе се реализира во Саудиска Арабија.
Релито со децении се оддржуваше во Африка, но, поради терористичките закани во 2008 година, трката беше префрлена во Јужна Америка. Таму организаторите се соочија со проблеми бидејќи само Перу прифати да биде домаќин додека Чиле, Еквадор и Боливија, се откажаа поради финансиски проблеми. Сега откако е потврдено дека Релито ќе се вози само во Саудиска Арабија, победникот од последната сезона, Насер Ал Атијах, изјави, дека е пресреќен.
„Дакар ќе биде во нашиот регион и треба да ја почитуваме одлуката на организаторите. Мислам дека лесно ќе се адаптираме на условите” – изјави Ал Атијах.