Атлетичарот, Мо Фара, на 27-ми мај ќе се врати на патеката од 10.000 метри во Лондон која завршува кај Бекингемската палата.
Атлетската легенда од Велика Британија триумфираше минатата година со резултат од 29:44 минути. За 36-годишиот Фара, тоа ќе биде седмиот настап низ улиците во Лондон. Тој има вкупно пет победи (2009, 2010, 2012, 2013 и 2018). Годинава се очекува да има повеќе од 17 000 учесници.
„Навистина уживам во трчањето на 10 км и со нетрпение очекувам да се вратам во Лондон. Атмосферата е неверојатнa a публиката во Лондон е фантастична ” – рече Фара.