Кошаркарите на Работнички по десетти пат се освојувачи на Купот на Македонија. Тие денеска во финалето одиграно во салата – „26 април“, во Гевгелија, успеаа да го совладаат тимот на Блокотехна со 85 спрема 71 и сосема заслужено да го подигнат победничкиот пехар. Мечот беше главно изедначен до средината на третиот период кога екипата од Скопје успеа да направи солидна предност и да ја најави победата. До крајот Блокотехна немаше сили за пресврт. Чавдар Костов беше најпрецизен во победничкио тим со 25 кошеви додека Караџовски забележа 16 а Чековски десет кошеви. Во поразениот тим Фунденбург застана на 24 поени а…
Author: dino
Нашите млади каратисти кои имаа успешен настап на Медитеранските игри во Анталија, денeска беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Директорот, Дарко Каевски, им се заблагодари на младите спортисти, нивните тренери и на федерацијата, бидејќи потврдија дека се нашата најуспешна федерација а каратето е најуспешниот спорт. Ќе потсетиме дека од нашата експедиција најуспешен беше Фахик Весели, кој стана медитерански шампион во категорија до 67 килограми за помлади сениори (У21). Одличен резултат имаше и Бојан Костов со бронзен медал во -52 кг за кадет, а со пласмани на 5. место завршија: Доан Османи во категорија –75 кг за помлади сениори,…
Од денеска до недела во Гевгелија ќе се реализира завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Денешната понуда ќе започне во 13.00 часот со мечот меѓу Блокотехна и АБ Охрид. Потоа од 15.15 часот ќе играат Работнички и Куманово, а во 17.30 ќе стартува дуелот МЗТ Скопје- Кожув. Во вечерниот термин од 20.00 ч. ќе играат Гостивар и Фени. Победниците од дуелите Блокотехна- АВ Охрид и Гостивар – Фени Индустри ќе вкрстат во првата полуфинална пресметка закажана за в сабота со почеток во 17:30 додека победниците од мечевите МЗТ Скопје Аеродром-Кожув и Работнички -Куманово ќе разигруваат…
Англискиот Манчестер Сити најверојатно ќе испрати понуда до Лука Јовиќ кој настапува за германскиот Ајнтрахт Франкфурт и тоа како позајмен играч од Бенфика. Српскиот фудбалер има одлични партии во континуитет и сосема разбирливо се наоѓа на листата на посакувани трансфери кај повеќето европски гиганти. Германскиот клуб на крајот од сезоната има опција да ги откупи првата на 21-годишниот голгетер кој досега постигна 17 гола на 26 натпревари. Медиумите најавуваат дека тоа нема да го спречи тренерот на „Сити“, Гвардиола, да испрати понуда од 60. милиони фунти за Јоветиќ кој патем кажано е трансферна цел и на шпанските состави Реал Мадрид…
Фудбалерот на Спортинг, Бруно Фернандес, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Според медиумите во Англија, токму „црвените ѓаволи“ се најсериозните кандидати да дојдат до потписот на 24-годишниот играч за врска. Се шпекулира дека Јунајтед конатктирал со агенцијата која го застапува Бруно Фернандес и дека биле направени првите разговори за неговиот можен трансфер на „Олд Трафорд“. Фернандес досега одигра 46 средби во сите натпреварувања на кои постигна 27 голови и запиша 15 асистенции. Тој има договор со Спортинг до 2023 година а неговата откупна клаузула е од 100 милиони евра.
Една од ѕвездите во фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, иако изјави дека сака да направи трансфер во Реал Мадрид, вели дека до крајот на сезоната нема да размислува на ништи друго освен на настапите во „синиот“ дрес. Неговиот тим се бори да биде во Топ 4 во Премиер лигата а паралелно сигурно чекори и во Лигата на Европа. „Не сакам во моментов да зборувам за мојата иднина. Во наредните месеци во мислите ќе ми биде само Челзи бидејќи не очекуваат големи натпревари“ – вели Азар. „Сакам да обезбедиме настап во Лигата на шампионите и да донесеме пехар од Европа. Јас…
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Карло Анчелоти, по вчерашниот пораз кај Арсенал со 2:0 во рамките на елиминациите во Лигата на Европа, вели дека ништо не е загубено и дека неговите фудбалери ќе имаат шанса во реваншот. „Ќе играме пред нашата публика која ќе направи одлична атмосфера.Тоа ќе ни даде голема самодоверба. Мислам дека го загубивме мечот во првите 20. минути додека во вториот дел имавме неколку шанси, но, не погодивме“ – вели Италијанецот. „Мислам дека мораме да го заборавиме резултатот. Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи Арсенал е квалитетен состав. Сепак, реваншот ќе го одиграме на нашиот терен и…
Фудбалерот на Реал Мадрид, Каземиро, не е загрижен за неговата позиција иако медиумите најавуваат дека во текот на летото „кралевите“ може да ги ангажираат Еден Азар и Пол Погба кои ќе му бидат конкуренција за првата постава. Белгиецот игра нешто понапред во форот, но, Погба, настапува на истиот дел до теренот на кој се движи и Каземиро. Тоа не го загрижува играчот на шпанскиот состав кој верува дека има квалитет да конкурира за првиот тим. „Погба е компатибилен со секој играч и со секој тим. Тој сигурно мисли на Лигата на шампионите, но сепак не можеме да зборуваме подетално бидејќи…
Стратегот на клупата на Барселона, Ернесто Валверде, пред денешното гостување на „Олд Трафорд“, потенцира дека екипата на Манчестер Јунајтед ќе биде максимално мотивирана да ја задржи добрата серија на победи. Според него, двата дуела со „црвените ѓаволи“ во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони ќе бидат исклучително тешки, но, дека неговиот тим може да излезе како севкупен победник благодарение на мајсториите на Лео Меси. Аргетинецот кој игра во извонредна форма има постигнато 22 гола против англиските тимови во елитното натпреварување. „Јас знам дека сите менаџери и играчи бараат начин за да запрат. Знаеме дека постојат различни начини да…
Манчестер Јунајтед и Барселона денеска на „Олд Трафорд“ ќе ја отворат нивната 1 /4 финалнат пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Во пресрет на мечот кој предзвикува големо внимание, дел од поранешните ѕвезди се обидоа да направат анализа и да најават што може да да очекуваме. Меѓу нив е некогашниот капитен на Барса, Чави, кој апсолутно во сите сегменти им дава предност на Каталонците. Тој вели дека тимот предводен од Лео Меси, има предност во однос на Јунајтед на секој дел од теренот (со оценки 8:7 во одбраната, 9:8 во средниот ред и 10:9 во нападот), со исклучок на голманската…
