Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, не остана имун на новата победа така наречена „еден-два“ на Мерцедес на патеката во Баку. Тој нагласи дека доминацијата на Мерцедес е досадна како во првите четири сезонски трки така и во претходните четири години. На таа негова изјава реагираше актуелниот шампион од Мерцедес, Луис Хамилтон, кој потенцираше дека токму членовите на Ферари се виновни за таквиот развој на настаните. „Ферари го имаше потребниот ритам за време на тренинзите и квалификациите. Ако нивните возачи го одржеа темпото како што тоа го направивме ние, ќе беше многу интересно. Верувам дека ќе има поголема…
Author: dino
Србинот, Новак Ѓоковиќ, ја предводи листата на најдобрите светски тенисери пред Шпанецот Рафаел Надал кој заостанува речиси 4000 бодови. На третото место е Александар Зверев од Русија додека четвртото го има Швајцарецот, Роџер Федерер.Во топ 10 влегуваат Доминик Тим Кевин Андерсон, Кеи Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Џон Иснер и Стефанос Циципас. Кај дамите на чело останува Наоми Осака следена од Петра Квитова. Сега на третото место падна Симона Халеп. Анжелик Кербер и Каролина Плишкова го имаат четвртото и петтото место. Меѓу десетте најдобри се уште и: Кики Бертенс, Слоун Стивенс, Ешли Барти и Ирина Сабаленка. Во текот на работнава…
Првите луѓе на италијанскиот фудбалски состав Милан донеле одлука тренерот, Џенаро Гатузо да остане на функцијата до крајот на сезоната а потоа да го напушти клубот од „Сан Сиро“. Милан вчера загуби од Торино по што се појавија шпекулации дека Гатузо набрзо ќе биде отпуштен иако до крајот на сезоната има само уште четири кола. Сепак, раководството на „росонерите“ оцени дека тоа не е добро за тимот и дека Гатузо треба да ја заврши сезоната а дури потоа да си замине од тимот. Милан заедно со Рома, Аталанта, Торино и Лацио се бори за четвртото место на табелата кое носи…
Еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, вели дека Французинот, Пол Погба кој настапува за Манчестер Јунајтед, може да биде ангажиран од страна на „белите“ кои најавија голем ремонт во екипата во текот на летото. Валдано се надоврза на вестите дека тренерот Зинедин Зидан сака да го купи Погба со напомена дека тој трансфер може да донесе предности, но, исто така и голем ризик за играта на шпанскиот тим. „ Мислам дека Погба би имал мал придонес за подобра игра на Реал. Тој не учествува во креацијата на сликата на теренот, но, убеден сум дека има подобри голгетерски…
Ракометарите на Вардар денеска го совладаа Металург со 32 спрема 31 со што ја забележаа и третата победа во трката за шампионската титула во Супер лигата. Гостите од Автокоманда иако имаа предност по првиот дел од 18:15, не успеаа да го задржат ритамот во вториот кога „црвено-црните“ покажаа далеку подобра игра и успеаа да прокнижат нови бодови. Металург го имаше последниот напад за изедначување но, не успеа да погоди. Во победничкиот тим се издвои Кисељев со осум голови додека Стоилов застана на пет. Шилегов во тимот на Металург заврши со осум голови пред Шпенде со четири.
Ракометарите на Вардар со блескава партија во СЦ Јане Сандански успеаа да го совладат Пик Сегед со 31 спрема 23 (14:12) во првиот меч во 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите. Четата на Парондо во последниот сезонски дуел на домашен терен во елитната конкуренција одигра фантастично и „набилда“ посакувана позитива за возвратниот меч во Унгарија. „Црвено-црната“ фурија во величествена атмосфера пред околу 7.000 фанови тотално го надигра и го прегази противникот во вториот дел. Нападот беше прецизен, одбраната гранитна, луцидните потези ја „запалија“ публиката. Карачиќ и Кристопанс со по 8 и Скубе со 6 голови отскокнаа на листата на стрелците…
Техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе, потврди дека болидите на Ред Бул и Торо Росо во Формула 1 за претстојната трка за Големата награда на Азербејџан ќе добијат нови мотори. „Четвртата трка од сезоната претстојниот викенд ќе се одржи на најбрзата улична рута во календарот. Клучните карактеристики на трасата во Баку се многу долги сегменти, повеќе од два километри и многу се врти во 90 степени. За да се постигне ефикасна работа на сите системи на машината ќе го користиме искуството од минатата година“ – изјави Танабе. „Сега ќе ја ставиме во погон втората верзија на моторот со внатрешно согорување…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска ќе го одиграат големото градско дерби со Сити. „Црвените ѓаволи“ се во трката за место што носи пласман во ЛШ за наредната сезона додека гостите се борат со Ливерпул за победничкиот пехар во Премиер лигата. Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека мечот е посебен предизвик за двата табора кои се соочуваат со проблеми во ростерот. „Дербито го чекаме сите иако доаѓа во непријатен момент за нашиот состав по поразот од Евертон. Сите фудбалери се разочарани и ќе биде навистина тешко“ – вели норвешкиот тренер.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, вели дека играчите ќе ја остават на страна најавата на Сергеј Самсоненко дека на крајот на сезоната ќе прекине да го финансира тимот и дека ќе се насочат само кон средбите со Унгарците. „Натпреварот со ПИК Сегед е најзначаен за нас во сезонава . Тоа можеби ќе биде последен натпревар на овој Вардар што го знаеме по најавите на Сергеј, но, тоа кај нас е ставено на „стенд-бај“. Тие се фаворити а ние ќе дадеме се од себе“ -изјави Стоилов. Вардарци в четврток од 20.00 часот во СЦ Јане Сандански ќе го пречекаат тимот на…
Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, вели дека целото внимание ќе биде насочено кон двомечот со Пик Сегед во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите иако деновиве првиот човек на тимот, Сергеј Самсоненко, најави дека ќе го прекине финансирањето. „Не очекуваат два тешки меча. Сакаме да играме на Ф4, мора да играме на нивото, затоа што се работи за добар тим. Уверен сум дека играчите ќе го дадат најдоброто“ – вели шпанскиот тренер. „Сегед го познаваме, работиме напорно за да го покажеме најдоброто. Станува збор за многу добар состав“ – изјави Парондо.
