Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, вчера објави дека на крајот на сезоната ќе се прости од активно играње и дека полека ќе се насочи кон тренерските води. На тоа реагираше сегашниот предводник на шпанскиот шампион, Ернесто Валверде. „Не знам дали е најдобриот играч, но, е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Мислам дека сите очекуваат Чави да биде добар тренер бидејќи има се што е потребно за да ја води Барселона или некој друг клуб“ – истакна Валверде. Барселона која на 7 мај ја очекува реваншот со Ливерпул во полу-финалето во Лигата на шампионите, во текот на викендов во…
Author: dino
Шпанскиот весник – „АС“ тврди, дека репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ, се договорил со челниците на Реал Мадрид и дека од наредната сезона ќе настапува на „Сантијаго Бернабе“. Според наведеното, фудбалерот ќе потпише договор за шест години а од неговиот трансфер ќе профитираат и неговите претходни клубови Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт. Португалците ќе добијат 12 милиони евра а германците 48 милиони евра. 21-годипниот фудбалер во тековнава сезона одигра 44 средби за Ајнтрахт на кои постигна 26 голови.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, тврди дека неговите фудбалери не се паднати психички по поразот од Барселона во Лигата на шампионите и дека со сите сили ќе ја продолжат трката за победничкиот пехар во Премиер лигата. Според германскиот стратег, „црвените“ се максимално мотивирани да го совладаат Њукасл во новото коло во премиер-конкуренцијата. „Кога се бориш за титулата и гледаш дека можеше да ја освоиш не чувствуваш замор туку влечеш дополнителна сила. Амбицијата е пеколна, но, ние знаеме дека не е сè во нашите раце“ – потенцира Клоп. „Единствено што можеме да направиме е да победиме против Њукасл. Тоа е нашиот…
Кошаркарот на Торонто, Кајл Лари, потенцира дека тој и соиграчите не му ја даваат потребната поддршка на Ленард кој се гледа како најголема ѕвезда во тимот. „Рапторси“ ја загуби втората средба со Филаделфија а Лари постигна скромни 7 поени. „Морам да играм подобро. Тоа е сега многу значајно. Ништо друго. Морам да бидам поефективен во нападот и да давам повеќе кошеви“ – вели Лари кој во плеј-офот има просек од 12,0 кошеви и 6,0 асистенции. „Не барам вина на друго место освен во мене. Јас едноставно не му помагам на Ленард” – додаде плејмејкерот. Канаѓаните во тековното полу-финале на Истокот…
Кошаркарскиот состав на Олимпијакос ќе биде исфрлен од шампионатот на Грција бидејќи раководството планира да ја бојкотира последната средба од регуларниот дел во сезоната против тимот на Прометеј. Екипата под Пиреја не е задоволна што судијата Панајотис Анастопулос треба да се појави на мечот со Прометеј и затоа се определила на крајно ригорозен потег. Анастопулос беше еден од судиите на полу-финалниот дуел против Панатинаикос во Купот на Грција. Тогаш „црвените” не излегоа да го одиграат второто полувреме во знак на протест поради лошото судење а веднаш потоа објавија дека нема да се појават на терениот на ниту еден меч на…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на првиот меч меѓу Барселона и Ливерпул во рамките на 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони кој им припадна на Шпанците со убедливи 3-0. Според искусниот тренер, „црвените“ треба да бидат горди на прикажаното. „Не верувам дека поразот ќе влијае врз играчите на Ливерпул. Според мене, натпреварот беше многу добар а двата тима прикажаа желба за победа. Презентацијата на Ливерпул беше исклучителна. Ми се допадна како одигра“ – нагласи Гвардиола и одговори на прашањето дали Меси ја направи разликата на мечот на „Камп Ноу“. „Да, иако Барселона се бранеше многу…
Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, рече дека неговиот тим не треба да се гледа како сигурен патник во финалето во Лигата на фудбалските шампиони иако доцна синоќа славеше против Ливерпул со големи 3:0. „Неверојатна ноќ на Камп Ноу!. Тежок меч, напорно работевме за да го постигнеме посакуваниот резултат, навистина имавме голема поддршка и од навивачите“ – напиша голманот на Каталонците на социјалните мрежи. „Мислам дека реваншот ќе биде уште потежок иако ние ќе направиме се, за да влеземе во големото финале. Работата уште не е завршена, не чека вториот меч” – напиша на – „Твитер“ искусниот чувар на…
Фановите на Ливерпул се крајно разочарани од односот на Луис Суарез на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на фудбалските шампиони. Уругваецот константно ги провоцираше противничките фудбалери а имаше и експлозивна реакција на радост кога погоди за 1-0. Токму на таквиот негов однос реагираа фановите на „црвените“ кои претходно му даваа огромна поддршка кога настапуваше три сезони во дресот на „црвените“. „Секогаш го почитував, но, тоа исчезна откако видов како провоцира во текот на целиот натпревар. А како само го прослави голот, како да игра против најомразениот клуб. Изненаден сум бидејќи сите знаеме колку го почитуваат во Ливерпул гледано во…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Ендрју Робертсон, вели дека тој и неговите колеги во одбраната одиграле добро против Лионел Меси иако Аргентинецот успеа да постигне два гола во првата полу-финална средба одиграна на „Камп Ноу“. „Знаеме колку е добар Меси. Тој е во моментов најдобриот фудбалер во светот. Мислам дека успевме да одиграме солидно против него. Првиот гол го постигна во празната мрежа додека вториот му беше од слободен удар. Никој не може да ја запре таа топка“ – вели Робертсон по вчерашниот пораз со 3:0. „Тој е навистина фудбалер од светска класа. Се надевам дека на реваншот ќе успееме…
Сексипилната тенисерка од Русија, Марија Шарапова, верува дека е подготвена да создаде семејство и дека ќе биде добра мајка. Таа имаше интервју за – „Tennis World USA“ во кое одговори на повеќе прашања. „Каде се гледам по 20 години? Тоа е интересно прашање. Во моментов сум исполнета со позтивна енергија. Едно знам сигурно – сакам да бидам добра мајка и сопруга“ – вели Шарапова. Ќе потсетиме дека Русинката која во еден период беше санкционирана поради допинг-афера, сега е во интимна врска со американскиот милионер, Александар Гилкс.
