Кастер Семења, по само два дена откако го загуби спорот со Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) околу новото правило за рагулирање на нивото на „тестостерон“, успеа да победи на трката на 800 метри на митингот во Доха кој е составен дел од Дијамантската лига.
Двократната олимписка шампионка од Јужна Африка постигна време од 1:54.98 минути што претставува осми најдобар резултат на сите времиња. За Семења тоа беше 30. победа во серија на патеката од 800 метри.
Ќе потсетиме дека светскиот рекорд кој е стар 26 години го има атлетичарката од Чешка, Јармила Кратовчилова.