Author: dino

Фудбалерот на Ајакс, Френки Де Јонг, во текот на викендот се прости од фановите на „Јохан Кројф Арена“ откако го одигра последниот меч во дресот на „копјаниците“ на домашен терен. Тој на крајот на сезоната ќе се пресели во Шпанија во составот на Барселона откако уште во текот на зимскиот трансфер период ги договoри сите детали со каталонците. „Беше прекрасно, сега ќе одам во Барселона со голема радост. Тоа беше фантастична сезона иако сакав да се збогувам со три титули, но, тоа не се случи“ – вели Де Јонг кој со неговиот тим е на чекор на освојување на титулата во…

Read More

Фудбалерите на Интер вчера на домашен терен со совладаа Киево со 2 спрема 0 со головите на Политано и Перишиќ и останаа на третата позиција во Серија „А“ кој носи пласман во Лигата на шампионите. Тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, по мечот упати остри зборови кон медиумите кои во континуитет излегуваат со потценувачки зборови за неговиот состав. „ Газета дело Спорт“ пишува иста работа три месеци. Ако некој цело време зборува дека ќе врне, тоа на крајот и ќе се случи“ – потенцираше Спалети алудирајќи  на шпекулациите поврзани за неговата иднина во тимот од Милано. „Тие прилично навредуваат со своите…

Read More

Италијанскиот голман, Џанлуиџи Буфон, иако најави дека ќе се прости од активно играње на фудбал, сепак, може да остане во професионалните води уште една сезона. Легендата на Италија и на Јуве кој во текот на летото ќе си замине од ПСЖ, може да добие понуда од Порто и во наредната сезона повторно да игра во Лигата на шампионите. Буфон иако имаше понуда да се вклучи во раководниот дел на „старата дама“ од Торино, шпекулациите велат дека може да ја прифати понудата на Португалците и да го замени на голот, Икер Касилјас, кој неодамна претпе срцев удар.

Read More

Организаторите на финалето во Лигата на фудбалските шампиони кое треба да се одржи на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано” во Мадрид, направија рокада на соблекувалните. Имено, тимот на Тотенхем, кој  ќе ја има улогата на домаќин ќе биде сместен во соблекувалната која е предвидена за гостинските играчи. Промената која е направена од безбедносни причини е поврзана со локацијата на навивачите на Тотенхем и на Ливерпул кои ќе бидат на стадионот. Фановите на „црвените“ ќе го добијат јужниот дел кој е поблиску до соблекувалната на домаќините додека навивачите од Лондон ќе бидат лоцирани на север или поблиску до гостинската соблекувална.…

Read More

Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар, во текот на летото ќе се пресели на стадионот „Сантијаго Бернабе“ за 100 милиони евра, објавија денеска медиумите во Англија. Целиот трансфер ќе биде комплетиран по финалето во Лига Европа во кое неговиот Челзи во чисто англиска пресметкаќе игра против Арсенал. Решавачкиот меч за пехарот во второто по ранг натпреварување на Стариот континет ќе биде одигран на 29. Мај во Баку во Аербејџан. Веднаш по големото финале на Лига Европа, Азар ќе замине во редовите на Реал Мадрид.

Read More

Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Биното, вели дека целиот концепт на болидот ЦФ90 не ги исполни очекувањата. Италијанците во текот на зимските подготовки имаа одлично и брзо возило, но, во тековнава сезона во првите 5-ет трки не успеаа да ја прекинат доминацијата на Мерцедес кој во континуитет има 1-2 победи. „Последната трка во Барселона покажа многу слабости кај нашето возило. Можеме да парирарме на рамните делови, тоа се гледа, но, на свиоците редовно трошиме многу време. Не знам што се случува  ќе треба да анализираме“ – вели Биното. „Мислам дека не е во прашање потисната сила туку нешто…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, откако неговиот тим имаше лоша сезона во Премиер лигата, испрати порака до навивачите. „Фановите заслужуваат извинување бидејќи секогаш не поддржуваа. Не одиграв како што посакував бидејќи имав непредвидени повреди. Се извинувам на фановите што не бев во можност да ги постигнам нашите зацртани цели„ – напиша Санчез. Интернационалецот од Чиле има договр со „црвените ѓаволи“ до 2022 година, но, прашање е дали ќе го одработи бидејќи има одредени шпекулации дека може да си замине од клубот.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенаџамин Менди, во изминатите 12 месеца успеа да се израдува на дури 6 трофеи иако соочен со голем број на повреди речиси и не се појави на теренот. Играчот кој пред две сезони дојде на „Етихад“ од редовите на Монако има вкупно 22 меча и дури шест трофеи од различни конкуренции. Французинот во дресот на „граѓаните“ освои две врзани шампионските титули во Премиер лигата, два трофеи во Лига купот и еден во Комјунити Шилд. Црномурестиот фудбалер беше дел и од селекцијата на Франција на минатогодишниот Мундијал во Русија кога „триколорите“ станаа светски шампиони.

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, на крајот на сезоната ќе мора да си побара нов клуб, така одлучи раководството на шпанскиот фудбалски состав кој имаше разочарувачка сезона. Ќе потсетиме дека интернационалецот од Костарика беше еден од најстандардните во неколку сезони, но, сега не влегува во плановите на Зидан кој најави голема реконструкција на тимот. Според информациите од „Сантијаго Бернабе“, прв голман ќе остане репрезентативецот на Белгија, Тибо Куртоа. Познато е дека Навас беше транферна желба на Манчестер Јунајтед, но, тој не сакаше да си замине од Мадрид.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред утрешното последно коло во Премиер-лигата и гостувањето кај Брајтон, вели дека неговиот тим ќе добие критики ако не ја освои шампионската круна. „Нормално е медиумите да не критикуваат доколку не ја освоиме титулата, но, јас нема да го променам мислењето за моите играчи. Видовме во Лигата на шампионите дека ако испаднеш ќе бидеш уништен. Ситуацијата е идеална за нас или ќе се радуваме или ќе му честитаме на Ливерпул“ изјави тренерот од Шпанија. „Граѓаните“ утре од 16.00 часот во завршната рунда во Премиер-лигата ќе влезат со еден бод предност во однос…

Read More