Author: dino

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тони Симиќ, ќе биде именуван за нов предводник на селекцијата за играчи до 18 години. Одлуката ќе биде официјализирана во текот на наредната седмица кога новото раководство предводено од Перо Антиќ и Тодор Гечевски ќе ја оддржи првата седница на новиот Управниот Одбор. На истата се очекува да биде составен и нов Стручен Совет и да бидат именувани нови селектори во различни категории. Тони Симиќ имаше одлични резултати со екипата на Партизан Мулти Шпед со која стигна до финалето во М18 шампионатот.

Read More

Екипата на Мерцедес во Формула 1 најави дека на трката за Големата Награда на Монако ќе му оддаде посебна почит на легендарниот, Ники Лауда,  кој почина на 70-годишна возраст. Поранешниот тим на Лауда најави, дека на болидите ќе има посебно исцртана графика во чест на големото име кое остави посебен белег во историјата на спортот и во Ф1 .  Трката за ГН на Монако ќе биде возена на 26 мај. Ники Лауда кој три пати ги освои шампионските титули (1975, 1977 и 1984), ќе биде запаметен како единствениот возач кој успеал да победи со болидите на Ферари и на Мекларен.

Read More

Екипата  на Манчестер Јунајтед иако имаше неуспешна сезона во повеќе конкуренции не ја загуби поддршкта на навивачите. Според – „Daily Mail“, англискиот фудбалски  клуб деновиве успеал да ги продаде сите 52 илјади претплатни влезници за наредниот шампионат што претставува рекорден период за „црвените ѓаволи“. Четата на Солскјер во Премиер лигата заврши само на шестото место додека во Лигата на шампионите беше елиминирана во 1 /4 финалето по двомечот со Барселона. Манчестер Јунајтед во престижниот ФА Куп на Англија стигна до четврт-финалето во кое загуби од Вулверхемптон додека во Лига Купот беше елиминиран од Дерби каунти уште во третото коло.

Read More

Ракометарите на Вардар со денешната победа во дербито против  Еурофарм Работник со 36:29, успеаа да ја обезбедат титулата на две кола пред крајот на Супер лигата. Во СЦ Јане Сандански „црвено-црните“ одиграа максимално мотивирано и  по 13. пат во клупската историја се израдуваа на шампионскиот пехар.  Во победничкиот тим Тимур Дибиров беше лидер кај голгетерите со 10. погодоци додека кај Битолчани се издвои Филип Кузмановски постигнати осум голови. На две кола до крајот на сезоната Вардар  има 24 бодови или шест повеќе од Еурофарм.  Бидејќи тимот од Скопје е подобар во меѓусебните пресметки, тоа значи дека титулата и теоретски гледано…

Read More

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски и фудбалерот, Сашко Пандев, пред утрешното Куп-финале со Македонија ЃП, се надеваат дека го обезбедат првиот трофеј во кратката историја на клубот. „Финале на Куп е секогаш е посебен мотив. Ние сме далеку поискусни од Македонија ЃП. Ова е прво финале за еден клуб од Струмица и се надевам дека ќе го обелиме образот и ќе го донесеме трофејот“, изјави тренерот Тренчовски. Играчот на Струмичани, Сашко Пандев, кој има куп-трофеј со Работнички, посакува повторно да го подигне пехарот. „Мечот ќе биде тежок за нас. Играме против тим кој знае што сака и против тим…

Read More

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев утре на Арената „Тодор Проески“ ќе го одиграат големото финале во фудбалскиот Куп на нашава земја. Тренерот на „лавовите“, Александар Таневски, на денешната средба со новинарите посочи, дека двата тима имаат шанса да го освојат пехарот. „Двата тима имаат обезбедено по нешто. Пандев има излез во Европа, ние опстанок. Утре очекувам добар меч во кој и ние и Пандев ќе имаме шанса да освоиме трофеј“ – изјави Таневски. Фудбалерот на Македонија ЃП, Остоја Стјепановиќ, вели дека двата тима ќе бидат крајно мотивирани. „Финалето за нас е можност да обезбедиме излез во Европа, Академија пак…

Read More

Шпанскиот ракометен тренер, Маноло Каденас, откако доби отказ од белорускиот Мешков Брест, се определи да се врати во татковината и од наредната сезона да седи на клупата на Адемар Леон. Тоа денеска го потврди и прес-службата на клубот но, без посебни детали околу соработката. Медиумите претпоставуваат дека 64-годишниот стратег ќе потпише договор со траење од четири години. Каденас кој ќе биде тренер на Адемар Леон, паралелно ќе ја има и селекторската фукција во репрезентацијата на Аргентина. Искусниот тренер по трет пат се активира во тимот на Адемар Леон. Претходно го водеше од 1995 до 2007 и од 2012 до 2013…

Read More

Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој по операцијата на колкот планираше да игра за последен пат во професионалните води на претстојниот Грен Слем на терените на „Вимблдон“, не е сигурен дека ќе му се оствари планот. „Денеска, прв пат отидов да тренирам на отворено, претходно цело време бев во сала. Веројатноста дека ќе настапам на Вимблдон во сингл е сведена на минимум. Во двојки можеби ќе пријавам настап и со тоа најверојатно ќе ја завршам кариерата“ – вели двократниот освојувач на Отвореното тениско првенство на Англија. Енди Мареј кој последниот меч го реализираше на 14 јануари на терените во Мелбурн, се…

Read More

Нашиот фудбалски интернационалец, Иван Тричковски, кој игра за АЕК Ларнака, е прогласен за најдобар во шампионатот на Кипар. Македонскиот напаѓач благодарение на неговите одлични партии доби најмногу гласови од страна на тренерите. Тој в понеделник на свечената церемонија на Никозија ќе ја прими вредната награда. Тричковски на 39 натпревари постигна 24 голови со што се издвои како најдобриот стрелец во историјата на АЕК Ларнака.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жозеф Бартоме, потенцира дека тренерот, Ернесто Валверде, е вистинска личност за Каталонците иако имаше кошмарен финиш на сезоната во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме дека новиот првак на Шпанија беше елиминиран од Ливерпул со вкупни 4:3 иако по првиот меч имаше предност од 3:0. „Ја планираме новата сезона. Дел од фудбалерите се согласија да останат во нашиот тим а со дугите ќе разговараме по финалето на кралскиот Куп“ – вели Бартоме. „Валверде има поддршка од претседателот и од одборот. Тој е тренерот што го сакаме. Ние сме во средината на еден голем проект. Тој има…

Read More