Доцна вечер од 21.00 часто во Баку ќе биде одиграно големото финале во фудбалската Лига Европа меѓу Челзи и Арсенал. Во главниот град на Азербејџан ќе се сретнат два тима кои доаѓаат од Лондон и кои имаат богата традиција во европскиот фудбал. Челзи заврши во топ 4 во Премиер конкуренцијата и си обезбеди учество во ЛШ додека за „топчиите“, мечот во Баку ќе биде последната шанса да си обезбедат виза за фудбалската елита на Стариот континент. Натпреварот ќе биде посебен за Петар Чех. Голманот кој е легенда на Челзи денеска ќе го одигра последниот професионален меч. Според најавите, тој ќе…
Author: dino
Тенисерката од Украина, Хелен Плоскина, поради учество во договорени мечеви доби доживотно забрана да игра професионално тенис а ќе мора да плати и парична казна од 20 илјади долари. Младата тенисерка била дел од шемата на нелегални активности во октомври во 2016 година. Истрагата утврдила дека 22-годишната тенисерка е виновна бидејќи го прикривала учеството во договорените мечеви се со цел да се стекне со одредени финансики бенефити. Плоскина е ќерка на покојниот, Владимир Плоскин, кој е легенда на Украинскиот фудбал од 70-тите и 80-тите години на минатиот век.
Медиумите во Англија тврдат дека Еден Азар во текот на летото ќе се пресели во Реал Мадрид за 100 милиони фунти и дека „сините“ ќе добијат дополнителни 15 милиони на име на бонуси доколку Белгиецот успее да освои трофеи со „кралскиот клуб“. Според наводите, Азар ќе има неделни примања од 400.000 фунти со што ќе биде еден од најплатените фудбалери на светот. „Ние го сакавме и претходно, но, сега е послесно. Тој има само уште една една година од неговиот договор со Челзи“ – потенцирал првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Азар ќе биде второто засилување за „белите“ кои…
Претседателот на ракометниот состав Кијелце, Бертуш Сервас, потврди дека Лука Циндриќ ќе замине во редовите на Барселона. Трансферот треба да се реализира по завршувањето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите закажан во текот на викендот во Келн. „ Ги привршуваме преговорите. Ќе се договориме со Барселона. Лука е среќен бидејќи од мал сакал да игра во Барселона и тешко е да се отфрли таквата понуда“ – вели Сервас без да прецизира околу трансферната сума. Според одредени шпекулации, таа ќе биде околу половина милион евра. Хрватскиот играч кој пред две сезони со Вардар ја покори Европа, во редовите на Каталонците…
Кевин Дурант ќе биде дел од екипата на Голден Стејт на првите два меча од финалната серија во НБА против Торонто. Крилото има повреда на потколеницата на десната нога, но, стручниот штаб се надева дека ќе може да игра во вториот меч од големото финале. Дурант беше избран за најкорисен играч (МВП) во финалето на НБА во последните две години во кои Голден Стејт ја освои титулата. Тој имаше средни индикатори од 26 поени, 6.4 скока и 5.9 асистенции во 78 натпревари во регуларната сезона 2018-2019. 30-годишниот кошаркар се повреди на 8 мај во петтиот натпревар против Хјустон реализиран во …
Некогашниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен, пред денешното финале во фудбалската лига на Европа меѓу англиските состави Челзи и Арсенал, вели дека четата на Маурицио Сари има поголеми шанси да го освои победничкиот пехар. Според него, разликата на теренот во Баку може да ја направи првата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, кој игра во фантастична форма. „Чувствувам дека брилијатниот Белгиец ќе биде разликата меѓу двата клуба во Баку“ -порача Овен. Мечот во Азебејџан е последната шанса за давата тима да ја финишираат сезоната со трофеј а Арсенал има и дополнителен мотив бидејќи евентуалниот триумф ќе го однесе во Лигата на…
Аргентинскиот интеранциоанлец, Лионел Меси, е избран за најдобар фудбалер во Ла Лига според весникот – „Марка”. Напаѓачот има најголема заслуга за титулата со постигнати 36 голови и 13 асистенции во 34 натпревари. Тој воедно ја доби и наградата за најдобра стрелец пред Карим Бензема и Луис Сурас со 21 погодок. Според „Марка“, најголеми разочарувања на сезоната се Реал Мадрид и трансферот на Тома Леммар. Кралскиот клуб ја започна кампањата како шампион на Стариот континент, но, без Кристијано Роналдо претрпе комплетен неуспех. „Белите” беа трети во Ла Лига со дури 18 поени помалку од Барса. Леммар дојде во Атлетико со репутација…
Денеска беа одиграни мечевите од последната рунда во нашата најсилна фудбалска конкуренција. Ренова го совлада новиот шампион Шкендија со 3:2 и успеа да обезбеди опстанок. Академија Пандев и Вардар одиграа 1:1 во меч кој немаше никакво значење додека Македонија Ѓорче Петров ја совлада Победа и си обезбеди евро-виза. Истото го направи и Шкупи кој во драматичен финиш славеше на теренот на Работнички со 2 спрема 1. Силекс иако славеше против Беласица со 2:1 ќе мора да оди во баражот. На крајот на сезоната, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров им се придружија на Шкендија и нац Академија Пандев како претставници на…
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се соочува со големи проблеми во играчкиот кадар откако на еден од тренинзите се повреди стандардниот фудбалер од средниот ред, Нголо Канте. Тоа значи дека „сините“ пред мечот в среда против Арсенал во финалето на Лига Европа, останаа со само тројца здрави играчи кои дејствуваат во средниот ред. Тоа се: Жоржињо, Рос Баркли и Матео Ковачиќ. Претходно на пријателски натпревар во САД се повреди Рубен Лофтус-Чик додека Калум Хадсон-Одои е во процес на рехабилитација откако направи операција на Ахиловата тетива.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, успеа да победи на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Монако. Британецот во крајно драматичен финиш го издржа притисокот од Макс Ферстапен кој пак, поради инцидентот во еден свиок токму со победникот, заработи казна и трката ја заврши на четвртото место. Заедно со Хамилтон на победничкиот пидестал се искачија и Себастијан Фетел и Валтери Ботас. Бодови освоија уште и Гасли, Саинц, Квјат, Албот, Грожан и Рикардо. Хамилтон е лидер кај возачите со 137 бодови пред Ботас со 120 и Фетел со 92 бода. Кај конструкторите лидер е Мерцедес со 257 бодови…
