Author: dino

Големиот успех што го направија ракометарите на Вардар со овојувањето по втор пат на Лигата на шампионите, веројатно ќе влијае кај Летонецот, Даинис Криштопанс, да остане уште една сезона во редовите на „црвено-црните“. Познато е дека „бомбардерот“ од 2020 година треба да се пресели во францускиот ПСЖ но, бидејќи до почетокот на неговиот договор има уште една сезона, постојат реални шанси тој да остане во Скопје. Криштопанс веројатно ќе почека да види што ќе се случува со тимот од финансики аспект а дури потоа ќе одлучи дали ќе побара пред време да го раскине договорот и да замине за Париз.…

Read More

Фудбалскиот состав на Дерби Каунти ќе заработи 3,5 милиони фунти доколку менаџерот на тимот, Френк Лампард, го преземе кормилото на Челзи, објавија денеска медиумите во Англија. Бидејќи екипата од Лондон најверојатно ќе се раздели со Маурицио Сари кој е пред вратата на Јувентус, името на Лампард се наоѓа високо на листата на фаворитите кои треба да ја преземат неговата функција. Лампард во дебитантската сезона успеа со Дерби Каунти да дојде до баражот за пополнување на Премиер лигата, но, беше совладан на „Вембли“ од Астон Вила.

Read More

Доколку Давид де Геа се определи да го напушти тимот на Манчестер Јунајтед, челниците од „Олд Трафорд“ имаат план кој ќе го замени. Шпанецот кој има договор за уште една сезона упорно одбива да го продолжи иако доби нова финансиска понуда од 350,000 фунти неделно. Последните информации велат дека „црвените ѓаволи“ контактирале со францускиот Лил за да го ангажираат голамнот, Мајк Менјaн, кој има трансферна околу 35 милиони евра. Играчот кој има само 23 години во последната сезона во Франација бранеше на 42 меча а на 17-ет од нив не прими гол. Тој неодамна доби повик и да настапи за…

Read More

Според последните информации објавени на официјалниот профил на РК Вардар на „Фејсбук“, нашата експедиција од ќе полета од Келн во 19.30 што значи ќе има солидно пролонгирање во однос на претходно најавениот термин. Иако нема подетални информации за пролонгирањето на летот, јасно е дека целата прослава предвидена на Плоштадот  -Македонија“ ќе се реализира во доцните вечерни часови. Вардаровата експедицијата ќе дојде со чартер-лет во организација на Град Скопје кој за таа цел издвои од буџетот 39.500 евра

Read More

Вардаровата експедиција денес се враќа во Скопје, а Град Скопје најави дека ќе биде организиран пречек на нашите ракометари на плоштадот „Македонија“. Според првичната агенда, ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје со два лета и вечерва околу полноќ, но, сепак има промена. Ќе биде организиран чартер лет и новите европски шампиони ќе слетаат на „Аеродром Скопје“ во  18:50 часот. Веднаш потоа ќе се упатат кон плоштадот „Макеоднија“ каде се очекува да бидат пречекани од огромоен број на навивачи и љубители на спортот.. Ги повикуваме сите да дојдат на плоштадот „Македонија“ , а останатите моѓат да ја…

Read More

Фудбалскиот состав Челзи ќе се обиде да извлече финансиска корист од заминувањето на тренерот, Маурицио Сари во редовите на Јувентус. Стратегот кој во еден период беше пред отказ, успеа со одличен финиш од сезоната да стигне до титулата во Лига Европа и со тоа да го однесе тимот во Лигата на шампионите во наредната сезона. Откако агентот на Сари доби уверување од менаџментот на Челзи дека неговиот договор ќе биде пред време прекинат и дека ќе може да преговора со Јувентус, сега лондонскиот клуб одлучи да побара компензација за предвремено раскинување на договорот вреден 5 милиони фунти. Изданието – „Дејли…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт во текот на ноќта направија брејк на теренот на Торонто во  вториот меч од големото финале на НБА лигата и дојдоа до изедначување во победи на 1:1. Бранителот на трофејот одигра одлично на гостувањето и славеше со 109:104. Најзаслужни за триумфот на „Вориорс“ беа Клеј Томпсон со 25 кошеви и Стеф Кари кој го заврши мечот со 23 поени. Во домашниот тим сосема очекува во поглед на реализација се наметна Кавај Ленард со 34 кошеви. Сега серијата ќе се пресели во арената на Голден Стејт а третиот натпревар ќе се игра на 6 јуни. Големото финале…

Read More

Поранешниот тренер на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој е огромен миленик и на навивачите на „црвено-црните“, во гостување во специјалната програма посветена на Лигата на шампионите во Келн имаше ласкави зборови за новиот европски шампион. „Чувството како поранешен тренер на Вардар е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и тешко можам да го објаснам подвигот. Можам да замислам како тие се чувствуваат“ – потенцираше Вујовиќ и испрати посебна порака до сите во Македонија. „Мора да биде запишано во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“ – потенцираше Вујовиќ.

Read More

Хрватскиот интернационалец, Игор Карачиќ, кој беше прогласен за „најкорисен играч на Ф4 турнирот во Келн“ , вели дека сите играчи на Вардар ја заслужуваат наградата. Тој иако според најавите настапи повреден, одигра маестрален меч во големото финале и доби шанса прв да го подигне победничкиот пехар. „Сите од Вардар заслужија да бидат МВП. Горд сум на сите соиграчи, одигравме храбро, со победнички карактер, покажавме со каква желба го носиме дресот на Вардар. Имавме многу проблеми, и со повреди, и со финансии во текот на целата сезона, и на крајот успеавме. Навистина сме горди“, изјави Игор Карачиќ по триумфот над Веспрем во…

Read More

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, на завршниот Ф4 турнир во Келн ги одигра последните два меча за новиот европски шампион. Младиот ракометен голман од Србија не ги криеше емоциите по големата победа против Веспрем. „Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам на трибините мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена и не верувам дека сме европски шампиони. До вчера ги гледав овие момци од трибините а сега сум тука и сум европски првак со нив“ –вели Милосављев. „Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија“ – нагласи Милосављев кој од наредната сезона…

Read More