Кошаркарите на Голден Стејт доцна во ноќта во 03.00 часот по наше време во „Оракл Арена“ ќе го пречекаат тимот на Торонто во рамките на големото финале на НБА лигата. Еден од најдобрите домашни играчи, Кевин Дурант, ќе мора го пропушти и четвртиот меч на кој Голден Стејт ќе се обиде да дојде до изедначување во победи и да ја задржи тензијата околу шампионскиот прстен. Тоа значи дека Дуран има многу потешка повреда од претходно објавеното и дека ќе мора да паузира и на деветтиот меч по ред. Во исто време добра вест за Голден Стејт е тоа што ќе…
Author: dino
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација утре на Арената – „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Полска во рамките на групата – „Г “ за пласман на Европското првенство во 2020 година . Македонија и Полска досега одиграа три меча а ефектот е две победи на Полјаците и едно реми. Што се однсува до тековниот циклус, Полска победи на гости кај Австрија и дома со Летонија и води во групата со шест бодови. Македонија е трета откако победи дома против Летонија и ремизираше на гости кај Словенија. Спортско радио 90,3 ФМ за сите фанови на фудбалот што ќе бидат…
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, пред дуелот со Полјаците во квалификациите за ЕВРО 2020, потенцира дека фудбалерите треба да го следат примерот на ракометарите на Вардар и да се обидат да ги израдуваат навивачите. „Атмосферата е одлична, се подготвуваме максимално, победа против Полска може да ни го отвори широко патот кон ЕП. Вардар направи голем успех, Македонија покажа дека живее за спортски успех, се надевам дека и ние дека можеме да направиме историски пласман на Европско првенство“ – вели Пандев. Во пресрет на дуелот од третото коло во нашата група, Полска е лидер на табелата со две победи…
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, вели дека неговите избраници можат да им парираат на големите ѕвезди во селекцијата на Полска на утрешниот меч во Скопје во квалификациите за Евро-шампионатот во 2020 година. Гостите кои се фаворити на хартија во навалниот ред ќе го имаат играчот на Беарн Минхен, Роберт Левановски, кој реално гледано, треба да претставува најголема опасност за нашите голмани. „Нема да се насочиме само кон Левандовски. Ние секогаш играме тимски и на победа. Моите фудбалери ќе се борат за поволен резултат“ – изјави Ангеловски на денешната средба со новинарите. Средбата меѓу Македонија и Полска ќе биде…
Истрагата околу договорени фудбалски мечеви во Шпанија може изненадувачки да дојде и до Реал Мадрид, тврди – „El Confidencial“. Според списанието, предмет на истрагата може да биде мечот со Хуеска одигран на 31 март на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ кој му припадна на Реал со 3 спрема 2. Весникот пишува дека две недели пред натпреварот се одржала средба меѓу претставниците на Хуеска и трети лица. Наводно, на средбата се разговарало околу конечниот исход на мечот и како Хуеска да го расчисти долгот од 100.000 евра. Во текстот се наведува дека лидерите на Хуеска имале средба и со играчите Раул Браво…
18-ет играчи кои се ставени на поширокиот список на селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Грег Попович, за претстојниот Мундијал во Кина, ќе се соберат во почетокот на август во кампот во Лас Вегас. Тоа се: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Џејмс Харден (Хјустон), Ерик Гордон (Хјустон), ПЏ Такер (Хјустон), Донован Мичел (Јута), Кемба Вокер (Шарлот), Бредли Бил (Вашингтон), Кајл Кузма (Лос Анџелес Лејкерс), Дамиан Лилард (Портланд), СЈ МекКалум (Портланд), Брук Лопез (Милвоки), Кевин Лав (Кливленд), Џејсон Татум (Бостон), Крис Мидлтон (Милвоки), Андре Драмонд (Детроит), Ла Маркус Олдриџ (Сан Антонио). На спискот засега ги нема Кари, Грин, Дурант, Томпсон и Ленард кои…
Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед го одбиле предлогот на Интер да се направи трампа меѓу Ромелу Лукаку и Мауро Икарди. Според – „Скај Италија“, челниците на „нероаѕурите“ одлучил на „црвените ѓаволи“ да им понуди интересна размена, но, добиле негативен одговор. Екипата од „Олд Трафорд“ претходно објави дека Лукау може да си замине доколку пристигне понуда од најмалку 80-ет милиони евра. Белгиецот иако во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 96 натпревари и постигна 42 гола, не влегува во плановите на менаџерот Оле Гунар Солскјер за наредната сезона. Тој доби зелено светло да си побара друг клуб.
Челниците на фудбалскиот состав Милан најверојатно ќе успеат да го убедат Марко Ѕампаоло да ја преземе диригентската плака на клупата откако Џенаро Гатузо си замина од „Сан Сиро“ објавија медиумите во Италија. Наводно, 51-но годишниот стратег на Сампдорија се согласил да се пресели во Милано а екипата од Џенова нема да му прави пробелми и ќе му дозволи да го напушти тимот. Шпекулациите велат дека Ѕампаоло ќе потпише договор со „росонерите“ за наредните две години со опција соработката да продолжи и уште една сезона доколку тимот ги има посакуваните резултати. Целата работа треба да биде завршена в понеделник по состанокот…
Шекил О’Нил кој работи како стручен аналитичар на збиднувањата во НБА лигата вели дека Клеј Томпсон може да биде одлично засилување за неговиот некогашен тим Лос Анџелес Лејкерс. „Езерциите“ иако го ангажираа Леброн Џејмс, јасно е дека ќе мора да купат уште неколку играчи доколку сакаат да се вратат на шампионските патеки токму од времето на О Нил. „Ако сум јас генерален менаџер на Лејкерси, би платил висока сума за Томпсон и би го направил најплатен во историјата“ – потенцираше така наречениот Биг Шек. Според најавите, екипата од Калифорнија планира неколку атрактивни засилувања. Меѓу нив се споменуваат: Џими Батлер, Ентони…
Фудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчез, не сака повторно да биде испратен на позајмица и затоа најави дека планира да си замине. „Не сакам повторно на позајмица. Ако заминувам, тоа нека биде дефинитивно. Со трансфер. Нема логика повторно да се обидувам да се наметнам“ – вели 21-годишниот фудбалер. „ Многу млади играчи, како Кимих, Гнарби или Коман играат а јас седам на клупата“ – потенцираше репрезентативецот од Португалија кој во претходната сезона се појави на 24 натпревари. На шест од нив беше меѓу стартерите.
