Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен, има големи шанси да се пресели во редовите на Милан, тврдат медиумите во Италија. Гигантот од Милано откако го обезбеди Марко Ѕампаоло на тренерската позција, сега се насочува кон засилување на тимот а тука во преден план се наметнува играчот на „црвените“, Ловрен, кој се наоѓа на излезната врата од стадионот – „Енфилд“. Наскоро се очекува италијанскиот тим да достави официјална понуда до Ливерпул и до интернационалецот од Хрватска кој цели шест години игра во Премиер лигата. Ловрен во 2013 година го напушти францускиот Лил за да потпише со Саутемптон а само една сезона подоцна…
Author: dino
Италијанскиот кошаркарски тренер Еторе Месина кој беше дел од стручниот штаб на Сан Антонио Спарс во НБА конкуренција, се одлучи да се врати во неговата родна земја и да се активира во редовите на Милано. Тој ќе биде дел од администацијата во клубот, но, ќе седи и на клупата во улога на тренер. Медиумите шпекулираат дека Месина кој работеше со легендарниот НБА тренер, Грег Попович, ќе потпише договор на три години со Олимпија Милано со можност соработката да продолжи за уште две сезони.
Бразилскиот дефанзивен фудбалер, Муриљо, најверојатно ќе го облече дресот на Манчестер Сити, предвидуваат медиумите во Англија. Наводно, 22-годишниот член на Крузеиро се согласил на трансфер во Премиер лигата а неговиот тим ќе инкасира од договорот околу 10 милиони евра. Муриљо е еден од најголемите таленти во Бразил а за неговите услуги биле заинтересирани и тимовите на Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Монако. Младиот Муриљо кој настапува во централниот дел во одбраната ќе биде одлично засилување за четата на Пеп Гвардиола која во наредната сезона ќе настапува во повеќе конкуренции а акцентот ќе го стави на Премиер-лигата и Лигата на шампионите.…
Поранешниот фудбалер на Челзи, Франк Лампард, може да се врати на „Стемфорд Бриџ“ во улога на тренер, најавија денеска медиумите во Англија. Тој во претходната сезона не успеа да го внесе Дерби Каунти во Премиер лигата откако загуби во баражот од Астон Вила, но, сега може да биде дел од најсилната конкуренција во Англија доколку го наследи Маурицио Сари на клупата на лондончани. Според медиумите, Лампард имал преговори со челниците на Челзи и работите се одвивале во посакуваната насока. Се споменува дека дел од стручниот штаб на Челзи може да биде и легендарниот напаѓач, Дидие Дрогба,
Американскиот кошаркар, Кори Хигинс, ќе го засили составот на Барселона. Тој по четири сезони поминати во рускиот тим ЦСКА Москва, најави дека кариерата ќе ја продолжи во гигантот од Шпанија. Неговата плата по сезона ќе изнесува 1,7 милиони долари. 29-годишниот играч успеа да освои со „армејците“ две титули во Евролигата и три пати беше шампион на Русија. Последниот пехар го подигна пред заминувањето во Барселона откако ЦСКА успеа да го совлада тимот на Химки во финалната серија во рускиот шампионат.
Нашите најдобри ракометари денеска од 18.00 часот во Ескишехир против домаќинот Турција ќе го одиграат претпоследниот меч во тековните квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година. Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, доколку ја потврдат фаворитската улога и на теренот, дефинитивно ќе си обезбедат место на континеталниот собир. Во моментов на табелата во нашата група, Македонија и Исланд имаат по 5 освоени бодови, Турција има 4 а Грција 2 бода. Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра в недела на 16 јуни против Грција во салата во Струмица.
Светскиот шампион на 60 метри со пречки, Ендрју Поци (Велика Британија) ќе се соочи во директна битка со светскиот и олимписки шампион на 110 м / пр Омар Меклауд (Јамајка) на митингот во Лондон на 20 и 21 јули кој е дел од Дијамантската лига. Трката на Олимпискиот стадион ќе се случи на точно десет недели пред Светското првенство во Доха (28 септември – 6 октомври). Тоа ќе биде прва трка за Поци на домашната сцена на отворено откако во октомври минатата година тој замина на специјални подготовки во Италија. Таму работеше со кубанскиот специјалист, Сантијаго Антунес, кој им беше…
Шпанскиот фудбалски тренер Рафа Бенитез може да го напушти Њукасл и да се пресели на клупата на Челзи, пишуваат денеска медиумите во Англија. Актулениот тренер на „сините“, Маурицио Сарио набрзо треба да замине во Јувентус а на неговото место според проценките ќе седне Рафа Бенитез кој до крајот на месецов има договор со Њукасл. Паралелно се наведува дека сегашниот состав на Бенитез ќе добие нов сопственик – Шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан кој најавил дека сака да направи коренити промени во екипата и дека го планира за тренерскиот пост Жозе Мурињо.
Лидерот на кошаркарскиот состав Торонто, Каја Ленард, се осврна на повредата на Кевин Дурант кој најверојатно има скината Ахилова тетива на десната нога. Ѕвездата на Голден Стејт не игра во финалето на НБА а неговиот ривал изрази уверување дека Кеј Ди ќе се врати посилен од порано. „Мислам дека целата ситуација е ужасна за него. Работиш толку напорно за да стигнеш до сегашниот момент а не можеш да играш. Сум бил во слична ситуација и му посакувам брзо закрепнување“ – вели Ленард. 27-годишниот кошаркар од Калифорнија беше во слична ситуација пред само две сезони кога поради потешка повреда на бутниот…
Првите луѓе на Манчестер Јунајтед ја зголемиле понудата за фудбалерот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака. Откако првата понуда од 45 милиони евра била одбиена од челниците на Кристал Палас, сега тимот од „Олд Трафорд“ испратил нова понуда од 67 милиони евра. Ван –Бисака може да биде големо засилување за „црвените-ѓаволи“ кои на десната бековска позиција го имаат само Диего Дало. Ван-Бисака кој настапува за младата репрезентација на Англија во изминатата сезона се појави на 39 мечеви за Кристал Палас.
