Author: dino

NBA

Интернационалецот од Грција во редовите на Милвоки, Јанис Адетокумбо, беше избран за „најкорисен играч” во последната сезона во НБА лигата. 24-годишниот кошаркар за прв пат во кариерата го добива признанието – „МВП“ откако ја доби битката со Џејмс Харден од Хјустон и со Пол Џорџ од Оклахома Сити. Играчот на Сакраменто кој е висок 211-сантиметри, покажа фантастичен ефект на теренот и во 72 меча оствари во просек 27.7 поени, 12.5 скокови, 5,9 асистенции, 1,5 блокади и 1,3 одземени топки. Адетокумбо е само вториот играч од Европа што успеал да дојде до наградата – „МВП“ во една сезона во НБА лигата.…

Read More

Холандскиот фудбалски интернационалец, Квинси Промес, го напушти составот на Севилја и се врати во татковината во екипата на Ајакс, потврди холандскиот шампион кој за неговите услуги ќе треба да плати околу 15 милиони евра. Фудбалерот кој има 27 години се согласил да потпише договор со „копјаниците“ до летото во 2024 година. Промес од 2014 до 2018 година настапуваше во руската Премиер лига во тимот на  Спартак Москва а потоа одлучи да се пресели во шпанскиот состав . Во Севилја одигра 33 натпревари во кои постигнал два гола и направи  три асистенции. Промес претходно настапувал за Твенте и за Го Ахед Иглс.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, постави неверојатна цена од 150 милиони евра за дефанзивецот, Калиду Кулибали, кој е трансферна цел на поголем дел од европските гиганти. Доколку некој тим се определи да издвои толку пари за црномурестиот дефанзивец на наполитанците, тогаш тоа ќе биде апсолутен рекорд кога станува збор за трансфер на одбранбен фудбалер. Самиот Кулибали кој настапува со Сенегал на Купот на африканските нации, изјави, дека не е сигурен дали ќе остане во Италија. „Сега сите зборуваат за мене, но, јас размислувам само за настапите со селекцијата на Сенегал. Имам желба да се израдувам на…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, има намера да купи квалитетен голгетер. Шпанецот кој ќе располага со ограничен буџет за летни засилувања, ќе се обиде да дојде до потписот на  напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха. Според наведеното во медиумите во Англија, популарните – „топчии“ планираат да испратат понуда во висина од 45 милиони фунти, но, прашање е дали тоа ќе биде доволно и дали понудата ќе биде прифатена. Кристал Палас објави дека бара минимум 55 милиони фунти за да го продаде голгетерот кој од 2013 до 2015 година беше дел од Манчестер Јунајтед, но, откако не успеа да…

Read More

Ракометарите на Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја започнат како бранители на тронот. Токму од таа причина, ЕХФ ги смести „црвено-црните“ во првиот шешир заедно со францускиот ПСЖ, што значи дека четата на Раул Гонзалес, не може да му биде противник на нашиот тим во групната фаза. Извлекувањето на групите е закажано за 27 јуни а 16-те екипи кои ќе се натпреваруваат во А и во Б групите се поделени во осум шешири. Во вториот се сместени Веспрем и Барселона. Бидејќи тимовите од Франција, Германија, Шведска и од Унгарија не можат да играат во иста група, извесно…

Read More
NBA

Вили Коул-Штајн се надева дека летово ќе го напушти тимот на Сакраменто и со тоа ќе стане слободен кошаркар, потенцираше неговиот агент задолжен за трансфери, Монтгомери. „Се надеваме дека нема да му понудат договор, навистина му треба нов почеток. Мислам дека тој мора да оди напред. Благодарни сме за можноста што ја имавме досега и што соработувавме со Сакраменто, но, сега цениме дека треба да работиме во нова средина“ – потенцираше  Монтгомери. 25-годишниот Вили Коул-Штајн кој пред четири сезони беше избран како шести пик на драфтот од екипата од Калифорнија, досега во НБА лигата има во просек 10,1 кош, 6,4…

Read More
NBA

Првата ѕвезда на кошаркарскиот состав Торонто, Кавај Ленард, ќе потпише нова соработка за наредните пет години. Тој има договор со актуелниот шампион на НБА лигата за уште една сезона кој планира да го продолжи до 2024 година. Според најавите, Ленард, сега за период од пет сезони ќе инкасира околу 190 милиони долари. Кошаркарот на канадскиот тим во последната финална серија во „НБА“ лигата беше прогласен за МВП а неговиот состав за прв пат успеа да го освои шмапионскиот прстен.

Read More

Тенисерот од Кипар, Марко Багдатис, најави дека по завршувањето на третиот сезонски Грен Слем на терените на –„Вимблдон“,  ќе се повлече од активно играње на тенис. Тој токму за отвореното првенство на Англија доби покана од организаторот или така наречена „вајлд-карта“. „Тешко беше да донесам таква одлука, но, бројните повреди не ми дозволуваат да продолжам во посакуваниот ритам“ – потенцираше тенисерот од Кипар. Багдатис најдобрите резултати гледано на Грен Слем турниртите ги имаше во 2006 година кога играше финале на „Австралија Опен“ а потоа се појави во полу-финалето во Англија.

Read More

Колку и да изгледа изненадувачки, португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, може да го наследи Рафа Бенитез на клупата на Њукасл. Шпанецот кој има договор до 30 јуни, денеска потврди, дека по тој датум ќе си замине од клубот. Медиумите во Англија дури најавија дека Марко Матераци ќе му биде помошник на Мурињо на „Сент Џејмс Парк“ и дека се чека само шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан да го комплетира купувањето на клубот. Доколку пак, тоа не се случи и  Мајк Ешли остане доминантен сопственик на англискиот тим, тогаш ќе отпадне варијантата за ангажман на „специјалниот“.

Read More

Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес ја освои пол-позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Франција. Актуелниот шампион на патеката  – „Пол Рикард“ успеа да постави нов рекорд со време од 1:28.319. Втората позција ја обезбеди неговиот клупски колега, Валтери Ботас а третата,  Шарл Леклер. Макс Верстапен ќе стартува како четврти. Во третиот ред ќе бидат Ландо Норси и Карлос Саинц. Утрешната трка ќе започне во 15.10 часот.

Read More