Екипата на Мерцедес ја продолжи доминацијата и на втората тренинг сесија пред трката за Големата награда на Франција во Формула 1 закажана за в недела.
Двајцата возачи на неприкосновениот тим, Валтери Ботас и Луис Хамилтон денеска на патеката –„Пол Рикар“ ги обезбедија првите две места. Веднаш зад нив беа членовите на Ферари, Леклер и Фетел. Изненадувачки, петото место му припадна на Лено Норис од Мекларен. Макс Верстапен беше шести пред Карлос Саинц и Пјер Гасли со Ред Бул.
Во топ десет на вториот задолжителен тренинг влегоа и Кими Раиконен со Алфа Ромео и Кевин Магнусен со болидот на Хас.