Светската асоцијација на атлетските федерации – (IAAF), ќе и дозволи на Јужноафриканката, Кастер Семења, да се појави на патеките без да биде приморана да ги прима лекарствата за намалување на тестостеронот.
Бидејќи Сојузниот Врховен суд на Швајцарија ја поништи одлуката на ИААФ, двократната олимписка шампионка на 800 метри ќе може да продолжи да се натпреварува кај жените. Семења во месец мај поднесе жалба до швајцарскиот суд откако – „IAAF“ воведе правило кое не им дозволува атлетичарките со високо ниво на тестостерон да се натпреваруваат на официјлните митинзи.
„Среќна сум што повторно ќе се појавам на патеката. Им благодарам на швајцарските судии за нивната одлука” – рече Семења.