Чарлс Леклер од екипата на Ферари ја обезбеди првата позиција за утрешната трка во Ф1 која ќе биде возена за Големата награда на Австрија.
Британецот, Луис Хамилтон иако обезбеди втор резултат, заработи казна од три позиции од страна на стјуардите бидејќи во текот на квалификациите му го попречи патот на Кими Раиконен што значи дека трката ќе мора да ја започне од петото место. Тоа значи дека пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе прогресира и ќе биде веднаш до Леклер во првиот ред. Зад нив ќе бидат Ботас и Магнусен.
Пред трката во Австрија, Британецот Луис Хамилтон води кај возачите со 187 бодови пред Финецот, Валтери Ботас со 151 и Себастијан Фетел од Германија кој има 111 бодови. Кај конструкторите лидер e Мерцедес со 338 бодови пред Ферари со 198 и Ред Бул со 137 бодови. Трката за големата награда на Австрија ќе се вози в недела со почеток во 15.10 часот.